Светиот Престол: Да се почитува историското status quo на Ерусалим

Светиот Престол: Да се почитува историското status quo на Ерусалим

Генералното собрание на Обединетите нации на 21 декември 2017 година одржа вонредна седница по барање на арапските и муслиманските земји за да се гласа за нацрт-резолуцијата за Ерусалим, на која САД ставија вето во понеделникот на состанот на Советот за безбедност на ООН.

На гласањето од 193 земји членки на Обединетите нации, 128 членки гласаа „за“, 9 „против“, 35 земји беа воздржани, додека 21 не учествуваа во гласањето. Во резолуцијата од САД се бараше да ја повлече својата одлука за признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.

За време на расправата делегацијата на Светиот Престол при Обединетите нации реагираше со изјава, изразувајќи ја својата благодарност на државите членки за нивната посветеност да се избегнат нови бранови на насилство и да се промовира дијалогот и преговорите помеѓу Израелците и Палестинците во поглед на мировниот процес и прашањето за Ерусалим. Истовремено, делегацијата потсети на обврска на сите држави членки да го почитуваат историското status quo на Светиот град во согласност со соодветните резолуции на Обединетите нации.

Единствениот идентитет на Ерусалим кој е од општ интерес – стои понатаму во изјавата – се состои во неговата посебна природа како свет град, најсвет за трите монотеистички религии и кој е симбол на милиони верници во целиот свет кои го сметаат за својот „духовен главен град.“ Неговото значање го надминува граничкото прашање и таа реалност треба да се смета за приоритет во сите преговори околу политичкото решение.

Светиот Престол на крајот повикува на мирно решение кое ја почитува природата на Ерусалим, неговата светост и општата вредност, повторувајќи дека единствено статус загарантиран на меѓународно ниво може да го сочува неговиот единствен карактер и ќе биде гаранција за дијалог и помирување за мир на тоа подрачје.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот