Светиот Престол ги продолжи мерките за спречување на ширењето на коронавирусот до 3 мај

Светиот Престол ги продолжи мерките за спречување на ширењето на коронавирусот до 3 мај

Сите мерки што се превземаат за спречување на ширењето на коронавирусот се продолжуваат до недела 3 мај, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол, што значи дека ватиканскиот плоштад и базиликата Свети Петар и понатаму ќе бидат затворени за поклоници и посетители

Вкупниот број на починати во Италија од почетокот на епидемијата достигна скоро 20.000 најмногу во светот после САД. Постојат повеќе од 150.000 потврдени случаи од заразата коронавирус, по што Италија е трета во светот, зад САД и Шпанија. Италијанската влада уште во петокот 10 април ги продолжи вонредните мерки до 3 мај кои се воведени пред еден месец поради спречување на ширењето на коронавирусот. Сепак дозволено е да работат книжарниците, продавниците за деца.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот