Светиот Отец се сретна со Арам I католикос
Заедничка надеж и заземање на патот кон единството – истакна папата Фрањо во говорот до Неговата Светост Арам I, католикос на Арменската Апостолска Црква, кој на 5 јуни го прими во Ватикан. Се разговарало, меѓу другото, и за историјата на страданија и искушенија низ кои помина арменскиот народ и Црквата, а на крајот во капелата Редемпторис Матер е одржана заедничка молитва.
Папата братскиот поздрав го претвори во благодарност до Арам I католикос, – како што рече Светиот Отец – братските односи нè соединуваат, како и постојаниот напредок, меѓутоа го истакна и за заземањето на Арам I за единство меѓу оние кои веруваат во Христос. Чувствувам како можам да кажам дека на овој пат кон полното заедништво имаме заеднички надежи и иста одговорна обврска, свесни дека така одиме по волјата на Господ Исус Христос – рече папата Фрањо.
Надеж во видливо единство на Црквата изрази и Арам I во својот говор, во кој истакна дека тоа единство не може никогаш да се одвојува од мисионерската реалност, тој свет повик во кој не може да се прибегнува со компромиси. Тука католикос ги спомна неволјите и прогонствата кои го одбележаа животот на Црквата посебно на на Блискиот Исток, меѓутоа и страданијата на Арменците на почетокот на XX век. Тоа е историја на храбро прифатени искушенија заради Божјата љубов – истакна и Папата во својот говор.
Историјата на иселувања, прогонства и мачеништва на така бројни верници остави длабоки рани во срцата на сите Арменци. Затоа ние треба да ги гледаме и да ги почитуваме како раните на телото на самиот Христос; всушност токму поради тоа тие се и причина на непоколеблива надеж и доверба во провидоносното милосрдие на Отецот – напомена Папата. Колку доверба и надеж е потребно – истакна – меѓу христијанските браќа на Блискиот исток, а посебно на оние кои живеат на подрачјата измачени со судири и насилства, меѓутоа и меѓу нас христијаните кои, иако не се соочуваме со такви тешкотии, често сме во опасност да се изгубиме во пустината на рамнодушноста и заборавањето на Бог или пак во судирите со браќата или во внатрешни борби против гревот.
Како Исусови следбеници треба да научиме понизно да ги носиме тешкотиите едни на други, помагајќи си така взаемно да бидеме повеќе христијани, повеќе Исусови ученици. Затоа да одиме заедно во љубовта, како што Христос нè љубеше нас и се предаде за нас, принесувајќи се како жртва на Бог за пријатен мирис (спор. Еф 5,1-2) – рече Папата потсетувајќи на зборовите од посланието до Ефесјаните.
Спомнувајќи го празникот Духовден, Светиот Отец го повика на помош Светиот Дух, и Неговото делување, како би Го обновил лицето на земјата, би бил сила за исцелување на раните на светот, и би го помирил срцето на секој човек со Создателот. Нека Тој, Параклет, го вдахне нашето одење кон единството, нека Тој нè поучи како да ги негуваме братските врски кои веќе нè соединуваат во едно единствено крштение и една единствена вера – истакна папата Фрањо.
РВ/С.С.