Светиот Отец го прими во аудиенција Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент

Помалку од месец дена од најавената посета на папата Фрањо на Европскиот парламент во Стразбург, Светиот Отец на 30 октомври го прими во аудиенција претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. По тој повод во разговор за Радио Ватикан, претседателот беше запрашан за причините поради кои го посетува сега папата Фрањо.

Дојдов за да разговарам уште еднаш за условите и околностите во кои ќе се одржи таа, недвојбено многу важна, посета, истакна претседателот Шулц. Се согласивме дека тоа е единствена прилика за двете страни: ние ќе го примиме во Европскиот парламент личноста што веројатно, во овој историски момент, претставува упориште не само за католиците, туку и за многу други луѓе; и исто така, е и показател за ориентација во време кога многумина се навистина дезориентирани, бидејќи светот се движи со драматична брзина, а понекогаш и во многу опасни насоки… Во тој контекст, Папата со својата линеарност ги храбри луѓето, истакна Шулц и додаде дека, од друга страна, Папата се среќава со Европскиот парламент кој ја зајакна сигурноста, свеста, моќта и влијанието и во кој седат 750 пратеници кои застапуваат 507 милиони луѓе во 28 земји.

На новинарската констатација дека во Европа, која е во криза, пристига Папа кој доаѓа од Латинска Амрика, со Евангелска солидарност, отвореност, со културата на среќавање, Папа кој зборува и за економијата што убива… и на прашањето може ли неговата порака да биде прифатена во Старазбург, претседателот Шулц изрази уверување дека тоа е возможно. Се забележува желба да се совлада тој спекулативен капитализам кој има избегано од нашето внимание и кој е во еден дел причина за кризата во која се наоѓаме, а која посебно се чувствува кај малите и средните претпријатија, кои се столбови на нашата економија, истакна Шулц и додаде дека затоа пораките на Папата се многу важни, но не само за Европскиот парламент, во кој сигурно ќе имаат голем оддек, туку важни се, општо за сите наши општества.

Претседателот Шулц, меѓу другото, истакна дека би сакал да постојат повеќе Европјани со видување на Европа слично со она латиноамериканското на Папата. Папата Фрањо во Европа гледа средство и прилика, и би сакал многу европски граѓани да се согласни со тоа мислење, напомена на крајот претседателот на Европскиот парламент.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот