Светиот Отец ги прими учесниците на Унијата на организации за помош на Источните цркви
Ватикан, 21.6.2013 /к.мк/ – Папата Фањо упати силен апел за помош на народот во Сирија, кој поминува низ големи страдања, како и за бегалците и раселените. Овој апел папата Фрањо го упати во четврток 20 јуни на средбата со учесниците на 86 Генерално собрание на Унијата на организации за помош на Источните цркви, по поводот на неговото завршување. Папата, меѓу останатото, изрази загриженост поради насилството и несигурноста во која живеат христијаните во Светата Земја. Изразувајќи блискост со членовите на организациите и благодарност од целата Црква, Светиот Отец поттикна да не губат надеж пред тешкотиите, и упати силен апел да се прекине секоја болка, секое насилство, секоја верска, културна и општествена дискриминација. Конфликтот кој сее смрт нека направи место за средба и помирување, кое носи живот – истакна Папата и потикна да не се заборави Сирија. Ве молам да направете се што можете за да ги ублажите големите потреби на погодените народи, посебно на сирискиот. Напоменувајќи колку бегалци и раселени има од саканиот сириски народ, Папата потсети дека свети Игнациј Анитохиски барал од христијаните во Рим да ја спомнат во своите молитви Црквата во Сирија… Исус Христос ќе бдее над неа и над вашето милосрдие – рече Светиот Отец наведувајќи зборови од посланието до Римјаните.
И на вас истото ви го повторувам –рече папата Фрањо. На Господарот на животот ги доверувам бројните жртви, и ја молам Пресвета Богородица да ги утеши оние кои се во голема неволја! – истакна Папата, на кој на срце не му е само Сирија туку и Светата Земја, односно – како што рече – „светите места на нашето Откупување“. …Живее во мене грижата за состојбата на многу браќа и сестри кои живеат во несигурност и насилство кое изгледа дека е бесконечно, и кое не ги поштедува невините и најслабите. Од нас, верниците, се бара постојана молитва полна со доверба за да Господ го даде посакуваниот мир, соединети со учество и конкретна солидарност – рече Светиот Отец.
Изразувајќи благодарност на Бог за верноста кон Христос, Евангелието и Црквата, Светиот Отец спомна дека Источните католици, низ вековите претрпеле многу маки заради христијанското име, но ја сочувале својата вера. Сакам да ве охрабрам и подржам во каритативна работа, која за Исусовите ученици била една причина за воздигнување. Тоа милосрдие извира од Божјата љубов во Христос: – напомена Папата – Крстот е нејзиниот врв, сјаен знак на милосрдие и Божја љубов кон сите, се излеа во нашите срца преку Духот Свети ( сп. Римјани 5, 5).
Должноста да се поттикнува љубовта е нераскинлив од верата – рече Светиот Отец и додаде – Нашата работа ќе биде делотворна само ако биде вкорената во верата, хранета со молитвата, и посебно со Светата Евхаристија, Света Тајна на верата и љубовта. Поттикнувајќи ги присутните да продолжат да го остваруваат планот насочен кон воспитување посебно на младите, папата Фрањо ги охрабри никогаш да не заборават дека тие планови имаат знак и ја покажуваат љубовта Божја која е дел од христијанскиот идентитет. Во различноста и богатството, својот состав и своите активности, Црквата не пронаоѓа својата сигурност во човечки средства. Црквата е Божја, се доверува во Неговата присутност и Неговото делување, и ја носи во светот Божјата сила, а тоа е силата на љубовта -истакна на крајот папата Фрањо.