Света Миса во капелата Безгрешно зачнување на Блажена Девца Марија во Велес
Во недела 4 октомври во капелата Безгрешно зачнување на Блажена Девица Марија во Велес се славеше света Миса која ја предводеше скопскиот парох дон Давор Топиќ, по повод почетокот на континуиран пасторал во Велес. На сватата Миса присуствуваа парохискиот викар дон Јошт Мезег, две сестри Мисонерки на Љубовта од Скопје, семејства од мисијата Ад Гентес во Куманови со нивните деца, млади од катедралната прохија од Скопје, како и верници од Велес.
„Оваа света Миса која сега се слави во овој град е голема радост за целата скопска парохија, на чие подрачје се наоѓа и градот Велес, бидејќи со оваа Миса започнуваме да славиме света Евхаристија секоја прва недела во месецот“, истакна дон Давор Топиќ. „Веќе подолго време верниците можеа да присуствуваа два пати годишно на Миса, за Божиќ и Велигден. Сега Господ ни испрати нови работници во своето лозје, така што сме радосни кога верниците можат почесто да се хранат од евхаристиската трпеза“, рече парохот во својата хомилија и во име на Црквата побара простување од верниците поради неможноста за почесто славење на Света Миса и катехизиација на ова подрачје поради неодстаток од свештеници. Исто така ги пренесе и поздравите на бискупот, монс. Киро Стојанов.
Семејната атмосфера која започна за време на литургијата продолжи со дружење и разговор, а младите беа задоволно што можеа да ја искусат убавината на заедништвото и евангелизацијата во деловите на Црквата, кои се на периферијата и кои се жедни да им се навести Радосната вест.
к.мк/Јошт Мезег