Светата Столица и САД потпишаа договор за борба против перењето пари

Ватикан, 9.5.2013 /к.мк/ – Ватиканската служба за финансиски информации и бирото при американското министерство за финансии (Financial Crimes Enforcement Network – FinCEN) потпишаа договор за зајакнување на напорите во борбата против перење пари и финансирање на тероризмот на глобално ниво.

Во документот се охрабрува билатералната соработка преку размена на информации во финансискиот сектор. Договорот е „јасен сигнал за напорите и одговорноста што ја презема Светата Столица и ватиканската држава”, истакна директорот на AIF Рене Бруелхарт. „Ватикан покажа јасна заложба за спротивставување на перењето пари и финансирање на тероризмот и дека може да биде доверлив партнер на меѓународно ниво”, додаде Бруелхарт. Ватиканската служба за финансиски информации беше основана во 2010, а од 2011 е оперативна. До овој момент AIF има склучено слични договори со финансиски организми на Белгија, Шпанија и Словенија, а во останатите европски земји се во процес на преговори. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<