Саудискиот крал упати писмо до Папата
Рим, 19.4.2013 /к.мк/ – Саудискиот крал Абдулах му напиша на папата Фрањо своја лична порака. Писмото му беше врачено на папата оваа среда преку саудискиот амбасадор во Италија, Салех Мухамед ал Гамди. За средбата на маргините од Генералната аудиенција и за содржината на писмото Ватикан не даде подетални информации.
Писмото од Абдулах до папата Фрањо е уште еден пример за кршење на табуто „чуварот на светите исламски места“. Според строгото вехабитско државно уредување во Саудиска Арабија не се дозволени христијански литургии, ниту пак е дозволено да се покажуваат во јавноста христијански симболи. Саудиска Арабија не одржува никакви дипломатски односи со Ватикан.
Сепак кралот во последните години повеќе пати испраќа сигнали за отвореност кон Католичката Црква. Најспектакуларен знак беше неговата аудиенција кај папата Бенедикт XVI есента 2007. Само една година по говорот на германскиот папа во Регенсбург, кој во делови на исламскиот свет предизвика побуни, кралот Абдулах го посети папата во Ватикан.
Минатата година на негова иницијатива беше во Виена основан исламски центар за меѓурелигиски дијалог, каде што Ватикан од самиот почеток е присутен. Овој центар наречен според саудискиот крал Абдулах му испрати честитки на новиот Папа веднаш по неговиот избор за Папа.