Русија: Писмо на католичките епископи до Владимир Путин

Русија: Писмо на католичките епископи до Владимир Путин

Католичките бискупи во Русија го поздравија реизборот на Владимир Путин за претседател на Руската Федерација со писмо потпишано од претседателот на епископска конференција монсињор Клеменс Пикел, епископ на Саратов.

„Руските граѓани кои потекнуваат од различни нации и религии, ви доверија посебна задача, да бидете претседател на земјата и да се грижите за доброто на целиот народ, да се зајакне мирот, хармонијата и социјалната правда, да се промовира развојот на граѓанското општество”, стои во писмото објавено од информативната агенцијата на италијански бискупи, Сир.

„Епископите му ветуваат на Владимир Путин дека ќе се молат за него за „да ги исполни доверени задачи и го потврди ветувањето до избирачите”. Тие упатија желба „за поголем развој на односите меѓу црквата и државата” и гарантираат дека „католичката заедница во Русија е подготвена да го даде свој придонес за развојот на општеството, зајакнување во него духовните и морални вредности, за зацврстување на мирот и хармонијата во социјалниот контекст и во борбата против облици на социјална сиромаштија”.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот