Расте бројот на свештеници и верници во светот

Ватикан 19.6.2013 /к.мк/ – Во делови од светот расте бројот на свештеници, покажуваат податоците од Статистичкиот годишник на Црквата (изданије 2013). Бројот на свештеници порасна во една година за нешто повеќе од 5 илјади, односно од 408.024 на 413.418. Во годината за која се известува (2011), продолжува трендот на пораст на католиците и свештениците во Африка и Азија, додека во Европа и Северна Америка таа бројка стагнира или опаѓа. Исто така, се покажало дека бројот на католици расте побрзо од светската популација и во меѓувреме по прв пат премина 1,2 милјарди.

Во 2011 година само во Африка и Азија се ракоположени 3000 свештеници повеќе отколку една година порано. Додека бројот на свештеници во Африка и Азија од 2001 до 2011 пораснал за 39.5 % и за 32 %, во Европа е во исто време намален за 9 %.

Уште поголеми се разликите помеѓу континентите во бројот на кандидати за свештенство. Во Африка во 2011 ги имало повеќе од 30,9 %, а во Азија за 29,4 % во однос на десет години порано, додека во истиот временски период во Европа и во САД бројот се намалил за 21,7 %. Во однос на 2010 година, бројот на свештенички кандидати во 2011 се намалил за 1.9 %. Бројот на епископи во Католичката Црква од 2010 до 2011 година останал скоро непроменет – 5.132. (Б.У)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<