Ракоположени три нови свештеници во бегалски камп во Ербил
Две години по протерувањето на илјадници христијански семејства од Каракош, градво долината Ниневија во северен Ирак, тројца млади, од тој град беа ракоположен за свештеници во бегалскиот камп во Ербил, во ирачки Курдистан. Тоа се отец Рони Салим Момика, отец Емад и отец Петрос и припаѓаат на Сиро-католичката заедница.
На ракополагање кое се случило на 5 август во “пренаменетата црква”, која се наоѓа во бегалскиот камп “Ајшти 2”, во предградието на Ербил, присуствувале повеќе од 1.500 луѓе. Во овој момент во кампот се засолнати 5500 лица, коиво текот на летото на 2014 годинапоради напредувањето на милициите на самопрогласената Исламска државаја напуштиле долината на Ниневија. Ракополагањето го подели архиепископот Јохан Петрос Моше, поглавар на Сиро-католичката црква во Мосул, Киркук и ирачки Курдистан.
„До денес, овој момент беше поврзан со лоши спомени – се сеќава отец Рони Момика – бидејќи токму во ноќта помеѓу 5 и 6 август 2014 година, Исламска држава влезе во Каракош и сите станавме бегалци. Но сега, тој жалостен ден со нашето ракополагање се претвори во радосен, давајќи нова надеж на целиот наш народ”, рече новиот свештеник.
По присилното затворање на семинаријата во Каракош, по нападот на исламските екстремисти, отец Момика се пресели во Ал-Шарфа, Либан, каде го завршува своето образование. На 19 март годинава се враќа во Ирак каде прима ѓаконско ракополоагање.. Сега се надева дека ќе може да ја продолжи својата мисија токму меѓу бегалците, бидејќи – нагласува тој – неговата улога е да „го донесе Христос на луѓето и да им даде сила, вера и надеж на луѓето”.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк