Размислување за Нова Година: Бог го гледа светот со очите на својата Мајка
Нова година веројатно е најраспротранетиот „празник“ воопшто. Се слави скоро во целиот свет. Посебно во ноќта која е на премин од „старата“ во „новата“ година. Луѓето славенички го дочекуваат првиот ден од годината, бидејќи сметаат дека тоа не е само првиот ден во календарот, односно прв во низата денови кои творат заокружен временски период, туку дека претставува вистински нов почеток. Се надеваат дека периодот кој доаѓа ќе биде подобар од оној кој штотуку го поминаа. Затоа и редовно го пречекуваат радосно и славенички.
Денес е Светски ден на мирот. Наслов и програма кои луѓето официјално го формулирале за првиот ден и со кој сакаат во новата година да остварат „мир“. Но овој мир во новогодишната ноќ започнува малку по чуден пат: со алкохол, пукање, галамење и дивеење до потполна исцрпеност. Пред ваквиот влез во новата година човек се прашува: дали навистина луѓето сакаат мир или сакаат да побегнат од него? Новата година нѐ повикува да побараме пат до вистинскиот мир… На почетокот од создавањето Бог го благослови човекот и целото создание. Плодовите од овој благослов се: создателска сила која раѓа живот и која дава мир. Само Бог е кадарен да дарува мир. Мирот произлегува од неговата близина, од неговата присутност, од заедништвото со него.
Црквата на 1 јануари го слави Празникот на Пресвета Богородица Марија. За нас христијаните, значи, новата година започнува во знакот на Жената која го раѓа Бог… На првата Нова година (која воопшто не се славела) витлеемското Дете имало осум дена. Неговите физички очи биле уште затворени, не го гледале овој свет. Но затоа тука се очите на неговата мајка. Кога Бог настапи во јавноста, проблематиката на овој свет ја согледува со очите на својата Мајка. Неговиот прво чудо и јавен настап во Кана Галилејска е поврзан исто така со неговата мајка. И покасно тој многу проблеми и многу човечки ситауции ќе ги гледа со очите на својата Мајка. Ниту денес не е променето ништо во тој поглед… На Нова година значи славиме ден кога официјално во случувањата на овој свет влезе човек во кого чука Божјото Срце, а кое светот и луѓето ги посматра со очите на Мајката.
(…) Бог преку Исус дојде меѓу нас за да нѐ спаси, да нѐ ослободи од моќта на злото, да нѐ ослободи од текот на историјата која нужно води кон пропаст и смрт, да нѐ ослободи од ропството на кое е подложено нашето тело и нашиот дух. Јешуа, Јахве спасува ја објавува улогата и програмата која ќе ја исполни витлеемскиот Младенец. Тој е Спасител на светот, Зачетник на новото создание.
РВ/п. Анто Лозук/Превод: го*ко