РАЗМИСЛУВАЊА НАД ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА: XII постојка: Исус умира на крстот

Лука 23,44-49

Исус го предаде својот дух на својот Отец. Не се оддели од Него ни во животот ниту во смртта. Исусе, не се оддели ниту се жалеше поради својата жртва, ниту тогаш кога чувствуваше тегоба и осаменост кога висеше на крстот.

Додека сум под крстот, имам пријатели кои ми помагат во носењето на крстот. Кога сум воздигнат на крстот, кога сите пријатели си одат, доаѓа момент на осаменост.

Во моите тешкотии Боже мој јас сум сам . Никој освен Тебе не може да навлезе во длабочината на мојата душа, па макар и да ме сака многу. Само ти Боже можеш да навлезеш во мојата осаменост. Од таму ти викам, зошто ме остави. Но сепак знам дека не сум сам, знам дека си секогаш покрај мене.

Смртта Исусе, смртта на телото е нешто заедничко на сите луѓе. И тој дел го зеде, ништо не остави и од ништо не избега. Еден ден ќе дојде смртта и на моето тело, душата ќе се оддели, телото ќе остане безживотно. Очите кои гледаа повеќе нема да гледаат. Нема да биде  повеќе насмевка, ни солзи, ниту топлина во оваа тело. Нема да можам повеќе со него да управувам, ќе биде во рацете на моите ближни. Јас ќе бидам немоќен нешто да направам. Тие ќе ме подготваат за погреб, ќе ме спуштат в гроб и ќе си заминаат.

И тоа тело Исусе ќе почива, чекајќи те. А душата, таа ќе продолжи да живее. Верувам и молам Исусе, дека мојата душа ќе отиде таму каде што тежнеам, во рајот. Таму каде нема солзи, ниту распадливост, ниту осаменост, ниту плач, ниту пак падови. Сакам да умрам за да живеам во тебе, како што ми покажа со својот живот и со својата смрт. Боже, сакам да ја умртвам својата волја, а да ја прифатам твојата волја. Кој со тебе умира, со тебе и ќе живее.

Дванаесетта постојка: Смрт. Исус ни вели: Си одам од земјата за да живеам. Мојата смрт ја исполни волјата на мојот Отец и затоа реков: „Оче во твоите раце го предавам својот дух.“ Го завршив планот.

Ти мислиш дека смртта е крај и затоа се плашиш. Додека не го прифатиш тој крст секогаш ќе ти биде тешко. Кога ќе ја прифатиш смртта, тогаш ќе ја победиш, тогаш ќе ме најдеш. Бидејќи смртта го разорува сè онаа што било грешно и смртно во тебе, а Јас ја разорувам смртта. Смртта те ослободува од крстовите, а јас од смртта. Денес погледни ја смртта во очи, земи го тој крст како дар од Отецот. Овој крст е како празник, кулминација и завршеток на сè, но и почеток на Животот.

Подготви: о. Д.Т.

Користено и од текстовите на Томислав Иванчиќ, Тргни со мене

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<