Радово: Не на насилството

Радово: Не на насилството

Дочекот на Новата 2017 Година и прославата на 1 јануари во парохијата Радово беше под мотото „Не на насилството“, земено од Пораката на Светиот Отец папа Фрањо, по повод прославата на 50. Светски ден на мирот. Први јануари е прогласен Ден на Мирот од блажениот папа Павле VI пред 50 години.

Папата Фрањо подвлекува дека: „Изградбата на мирот со активно ненасилство е природно и неопходно надополнување на напорите на Црквата употребата на сила да се ограничи со морални норми…“ Папата вели дека мирот е можен ако нашите сили ги впериме во тој правец и тргнеме од самите себе тоа да го сториме: „Сите сакаме мир. 5428_1Многумина го изградуваат со секојдневни мали гестови, а многумина од нив страдаат, но сепак трпеливо издржуваат во своите напори да бидат миротворци”. Да се трудиме во 2017 година да станеме, со својата молитва и дела, луѓе кои го отфрлиле насилството од сопственото срце, од сопствените зборови и дела, и кои изградуваат ненасилни заедници кои се грижат за нашиот заеднички дом. Ништо не е невозможно, ако му се обратиме на Бог во молитва. Сите можеме да бидеме миротворци”.

На 31 декември вечерта беше организирана веќе традиционалната Томбола во црковната сала во парохијата Свети пророк Илија во Радово.

к.мк/з.и.с.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот