Радово: Година на посветениот живот – Воплотеното Евангелие во животот на монахињата

Во просториите на парохијата Свети Пророк Илија во Радово на 21 март 2015 година се одржа втората средба на свештениците од Скопска бискупија, Апстолскиот егзархат во Македонија и богопосветените лица, која е во рамките на Година на богопосветениот живот. На средбата покрај присутните свештеници, монахињи и претставници на црковните движења, присуствува и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија со Н.Е. монс. Анселмо Гуидо Пекорари, Апостолски нунциј во Република Македонија.

На почетокот од средбата о. д-р Зоран Стојанов, парох во Радово се заблагодари за присуството на бискупот Стојанов и Апостолскиот нунциј Пекорари, а потоа ги поздрави присутните, по што го најави предавањето на владиката Стојанов, кој зборуваше на тема: „Воплотеното Евангелие во животот на монахињата“. Во своето предавање тој ја истакна важноста од читање на Словото Божјо во секојдневниот живот.

По краткото претставување на монашките заедници и црковни движења присутни во Македонија, следуваше обожавање на Светото Причастие и можност за света Исповед, а духовниот дел заврши со света Литургија и кратко обраќање на Апостолскиот нунциј, монс. Пекорари.

Средбата продолжи во заедништво во парохиската сала, во организација на парохијата Свети Пророк Илија – Радово, сестрите Евхаристинки и движењето на Фоколарините

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот