Простувањето секогаш е добивка
Колку е пријатно да читаш неделни текстови за Великиот пост и да ја сфатиш сликата за Бог Кој е Милосрдие. Бог на втори и трети шанси, Отец Кој прима, а не прашува. Господ чие име е Милосрдие. Љубезноста, благородноста, нежноста се важниот дел на праведноста. Христос бил посебно мил и љубезен кон грешниците и сиромашните и кон оние кои требало да се судат.
Каменување
Класичен пример за таа слика е жената фатена во прељуба. Исус да ги следел повиците и желбата на масата да се каменува и осуди оваа жена, кој би имал корист од тоа? Кога некому судиме, кој има код тоа орист? Само јазикот. Самоволјата?
Христос нејзе не ја осуди. Ниту и пресуди. Ниту го негира нејзиниот грев. Тој жената ја отпушти и ја замоли повеќе да не греши.
Интересно: Тој ги повикал сите останати да си судат сами на себе. Колку е тоа страшно, ако би морале себе си да си судиме според критериумот на праведноста кој не е наш!
Христос пишувал на прашината. Им дал доволно време да размислат, да анализираат и да постават прашања. НО, НЕ ПОСТАВИЛЕ. Според еврејската традиција најстарите би требало први да го фрлат каменот. Најстарите сега биле првите кои си заминале. Нивниот грев е најстар, најголем.
Што нè учи овој текст?
Постарите чесни сестри во католичките училишта ги учеле децата да го вперат прстот во некој до себе. И кога децата го вперувале прстот чесните сестри ги прашувале што гледат. Децата подигнувале рамења. Тогаш тие би и кажале: Мораш да го видиш она што си го покажал: Еден прст вперен против оној таму, а четирите прста кон тебе. НЕ ОБВИНУВАЈ!
Колку е мудро повеќе да обратиме внимание на сопствените грешки отколку на туѓите, повеќе на сопствениот јазик отколку на туѓиот. Ако тоа би го направиле, ќе го направиме сопствениот живот совршен, а за туѓите промашувања нема да имаме време.
Оние кои имале камен во рацете, подготвен за да го фрлат го имале законот на својата страна; ја имале дури и традиција. Сè имале подготвено освен љубовта. А човекот не може да пристапува без љубов!
Ако Христос го задржиме во себе ќе ги отфрлиме камењата, нападите, грдите зборови, осудата. Тие кои го имаат Христа не држат камења!
Мораме да бидеме луѓе кои простуваат. Простувањето ослободува. Мораме да ја научиме таа голема мудрост: да го сакаме грешникот, да го мразиме гревот.
Ако Христос и љубовта ни се во центарот, тогаш човекот мора да биде во центарот на вселената!
Годината на милостите е тоа. Милоста има врска со нежноста, а нежноста со љубовта кон човекот. Јас морам да простам затоа што примам простување. Простувањето секогаш е добивка.
Човек кој не е способен да прости е сиромашен човек! И да поседува не знам какво земско богатство ако му недостасува нежноста и љубовта тој останува празно тело кое оди во прашина која исчезнува со брзината на воздишка.
Да, најблиски сме до Бог тогаш кога сме подготвени да простиме!
Фра Јозо Грбеш/Лаудато/к.мк/Д.И.