Белиот Харли Дејвидсон на Папата на аукција во англискиот град Стафор е продаден за 56.000 евра, а средствата ќе бидат наменети за дом за сираци во Уганда
Веста ја објави аукциската куќа Бонхамс на својата интернетска страница, а пренесува Ватикан њуз. Посебно модифицираниот мотор кој во Рим го благослови и потпиша папата Фрањо го нарачаа „Исусовите мотористи“ (Jesus-Biker), клуб на христијански моторџии од германскот град Хетштад. Националниот директор на Папските мисиски дела во Австрија, о. Карл Валнер и претставници на клубот на папата Фрањо му го подарија белиот Харли Дејвидсон за време на една Генерална аудиенција во мај. Приходот од продажбата на моторот е наменет за дом за сираци во Уганда, проект кој е поддржуван од Папските мисиски дела на Австрија.
Фабриката Харли Дејвидсон на Папата му подари посебен примерок на Харли во јуни 2013 година, на кој на резервоарот е изгравирано името „Francisco“,кој на аукција во Париз е продаден за 241.500 евра. Приходот е подарен на Домот за бездомници на Каритас, кој се наоѓа на главната римска железничка станица.
ика/к.мк