„И видов Дама облечена во бела облека: беше облечена во бело и запашана со син појас, на нозете имаше жолти рози, иста боја како и нејзината Бројаница.“ (Од писмото на св. Марија Бернардица Субиру)
Оваа Дама облечена во бело и запашана со син појас денес нѐ собрала на молитва и на нова надеж вкоренета на Христовото учење. Секогаш и во секое време Бог ги зацврстува своите верници никогаш да не се откажат од тешкиот живот кои секојдневно се става пред него.
Во деновоите кога во Лурд се случувале објавувањата на Пресвета Богородица, во Франција завладеал некој нов подвиг на позитивистичката идеологија на Агуст Комт (Auguste Comte). Во тој период дошло дури до тоа што не само што верата била прогласувана за назадена, а науката за напредна, туку наместо црковниот календар бил воведена листа на „гениј на човештвото“ кој требал да биде почитуван како претставник на „врховното суштество на човештвото“ иако не било многу јасно кое е тоа врховно суштество.
Секој период создава свои идеолошки богови кои имаат краток век. Тие богови секогаш имаат за своја идеја со копнеж да го совладат човекот, а тоа се богот на кредитот, богот на задолжувањето, богот на зависноста, богот на станбениот простор или пак боговите кои се попривлечни, бидејќи се попримитивни, кои удираат во срж’та на човечката природа, а тоа е богот на јадењето, богот на пиењето, богот на развратноста и неуредниот живот. На овој начин е совладан човекот кој што е ослободен од одговорноста, на кој му е забрането да мисли бидејќи некој друг го прави тоа во негово име, бидејќи знае дека неговиот бог што му одобрил, на тоа треба да биде потчинет, инаку во спротивно би можело да се случи тие богови да се налутат па да се зголемат каматите, да се променат клаузулите, да се одземе станот, бидејќи човекот почнал да мисли со својата глава.
Во сето ова и во оваа опкружување сепак ни останува она што е вкоренето во човекот како вредност – можноста со својот живот да го доживееме Божјото откровение, да го спознаеме вистинскиот Бог и својот живот да го усогласиме и со потребите и со опкружувањето во кои ни е дозволено радосно да живееме.
Денес не се спомнуваме на виденијата кои ги имала Бернардица Субиру, туку се спомнуваме на онаа кој своето име го нарече „Јас сум Безгрешно Зачната!“ Бог никогаш дури и во најтешките времиња не го напушта својот народ, туку го остава како златото во топилница да се ослободи од сите нечистотии кои се наталожиле, кои го намалуваат сјајот на верата засаден во нас. Бог и денес преку овој празник ни ја подарува Марија која грижливо се залага за Божјиот народ, па така и денес одекнуваат зборовите кои се изговорени во Лурд кога ја повикала Бенардица, а преку неа и црквата да се моли за преобраќање на грешниците, да има посебна грижа за болните и сиромашните. Секој од нас има потреба од молитви и тоа молитви на верата (…).
Денес скоро и да не знаеме да се молиме, бидејќи се молиме површно и речиси како да му поставуваме услови на Бог, затоа што бараме: тоа мора да се случи веднаш и сега. Таквата молитва речиси и ја негира молитвата, бидејќи од неа ја отфрла димензијата на надежта и верата.
Да се моли не значи да се очекува од Бог онаа иста ограниченост која ја откриваме во себе. Нашите молитви во многу случаи се маловерни. Маловерната молитва внимателно се размислува, дури и премногу, а секој нејзин ризик ѝ пречи. Таквата молитва е оптоварена со желби, која бара брзо исполнување. Затоа разбирливо е дека маловерната молитва во поголем дел е исполнета со страв и вознемиреност. Нашата молитва нека стане молитва на надежта во која не се бара никаква гаранција, не се поставуваат никакви услови, ниту пак се бараат докази. Молитвата подразбира отвореност со кое очекуваме ветувањето да се исполни иако никогаш не знаеме кога, каде и како ќе се случи тоа. Кога се молиме во надеж, сите оние конкретни барања всушност се начини со кои ја искажуваме својата неограничена доверба во Бог, кој ги исполнува сите ветувања. Да се молиме значи да чекориме во целосна Божја светлина и без двоумење едноставно да речеме: „Јас сум човек, а ти си Бог.“ Во овој момент се случува преобраќањето, обновувањето на вистинскиот искрен однос. Преобраќањето носи олеснување, кој ни овозможува повторно да дишиме и нѐ смирува во прегратката на Бог. Ова искуство носи мир и едноставна радост. Молитвата на надежта била молитвата на Марија, а ние имаме потреба да учиме од оваа молитва, кога се однесува за потребите на болните и сиромашните. Затоа како верници се прилагодуваме на молитвата на Марија и секогаш својот поглед да го фокусираме на Христос, кој е извор на секоја радост. Да се посветуваме преку само-дарувањето на оние кои имаат најголема потреба и тоа преку она што е најдрагоцено, а тоа е нашето време, во оваа време, во кое никој нема време за другиот, кога времето станало непроценлив капитал. Ова време кое сакате да го вложите нека не биде изложено во посетата на болните и оние кои имаат потреба само со зборување, туку слушајте и наслушувајте, бидејќи на тој начин лекувате и самите се излекувате.
Денес со посебен жар се молиме за оние кои се грижаат за болните: За пожртвуваниот медицински персонал, пред се за медицинските сестри, за лекарите, и за сите оние кои се дел од овој возвишен повик во помагањето на оние кои им е потребна помош за телото.
Забораваме дека и тие се само луѓе а од нив очекуваме да бидаат семоќни. Здравјето го цениме откако ќе го изгубиме и пред сѐ за својата болест ги обвинуваме другите, заборавајќи дека самите си ја нанесуваме најголемата болка која ја носиме. Молете се за своите лекари да не работат само за профит и на сметка на болеста на другиот да заработуваа, а човекот го гледаат како предмет за заработка тогаш кога ќе ги напуштат своите принципи. Тие не се ништо друго освен безлична маса на болни луѓе кои на туѓа несреќа ја градаат својата пропаст. Нека Пресвета Богородица од Лурд, заштитничката на болните и прибежиште на грешниците да ни измоли здравје на духот и со својот живот да го сведочиме Бога кој е со нас.
Духовност нет/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк