Пред да отпатува во Кореја папата се помоли во римската базилика Света Марија Велика

Папата Фрањо во среда на 13 август околу 11 часот, само неколку часа пред поаѓањето на пат за Кореја, отиде во приватна посета, без придружба во базиликата Света Марија Велика, каде што се задржа 20 минути во тивка молитва пред сликата на Богородица „Salus Populi Romani“и пред неа остави мал цветен аранжман. Тоа беше десета посета на папата Фрањо на спомнатата базилика во која оди за да се помоли и да повика заштита од Богородица.

А попладне, во 16.00 часот Светиот Отец отпатува од римскиот аеродром Фиумичино кон Кореја на трето меѓународно патување во текот на pontifikatot. Пристигнувањето во Сеул е предвидено за четврток во 10.30 односно 3.30 минути по Европско време. Првиот ден Папата ќе се сретне со корејскиот преседател Парк Геух Хју и со институционалните власти и претставниците на дипломатскиот кор. Попладне по локално време ќе има средба со корејските епископи.

Како што од Сеоул јавува известувачот за Радио Ватикан тој град во овие моменти во пресрет на доаѓањето на Свтиот Отец, во пресрет на тој голем настан кој го очекуваат веќе 25 години, целиот е обоен, радосен и возбуден. Папата Фрањо и пред пристигнувањето на тој континент веќе остави белег; нов, силен, поинаков. И оттука Папата има намера да тргне за повторно да го предложи итното првенство на првото навестување. Добро знае колку е важен предизвикот на азискиот континент ставен пред Евангелието. Во Азија сѐ е важно: бројот на населението, висината на планините, раширеноста на пустините, но и влијанието на религијата на животот на поединецот и на општеството.

Во тој контекст се развивала Црквата покажувајќи дека откако духовната вредост ја примила од лаиците кои први го донеле Евангелието, материјалниот напредок може да оди во чекор со духовниот раст. И така ги поддржувала младите во нивното одење во верата и молитвата, промовирајќи програма за да можат да станат носители на надежта во семејствата и поедноставувајќи ја социјалната наука на Црквата да биде пристапна на новите генерации.

Папата Фрањо ги поддржува тие напори, затоа одлучно учествува на прославата на Денот на младите во Азија, на нивното славење, и за да ги потсети дека духовните крепости, взаемната доверба и помирувањето, несебичната великодушност и братската љубов, се дел од корејското наследство и повик. На плоштадот пред катедралата сите зборуваат за Папата – јавува нашиот известувач – за неговата посета, неговиот ентузијазам кон младите но и за неговата симпатичност. Во продавниците за сувенири може да се купи маица на која е втисната сликата на папата Фрањо, кој намигнува и држи дигнат палец, на кој стои натпис „Soul Food“ игра на зборови кој ги опфаќа главниот град, израз за душа. Добре дојде папата Фрањо, Папа на надежта.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот