Сите знаеме дека се многубројни предрасудите за предбрачната чистота. Во продолжение прочитајте ги одговорите на некои од најчестите предрасуди.
- Да се чуваме до бракот – тоа денес веќе никој не го прави!
Посебно во евангелските и католичките кругови има уште некои парови кои си ја поставуваат таа цел. А тој е почесен: не се наметнуваат очекувања, туку на паровите им се остава доволно време најнапред навистина да се запознаат. Кога се оди со секого веднаш во кревет, сексуалниот однос многу бргу ја губи својата вредност.
- Мораме да знаеме дали си одговараме во креветот: „Затоа провери со кого се поврзуваш засекогаш“
Сексуалниот однос е целосен. Човекот во креветот не е неочекувано целосно поинаков од секојдневните односи. Кога љубовта на две личности е вистинска, зошто таа изненадувачки треба да се промени во креветот!?!
- Сексуалниот однос е искажување на љубовта – може ли тогаш љубовта да биде грев?
Сексуалниот однос се смета за искажување на љубов. Но тоа не значи дека сексуалниот однос секогаш искажува љубов. Задача е луѓето да се грижат за тоа сексуалниот однос да биде израз на сеопфатната љубов. Ниту една рамка не е за тоа совршена како бракот. А само совршеноста е доволно добра за така чувствителна тема како сексуалниот однос и љубовта.
- Кога двајца луѓе навистина се сакаат, а и онака ќе се оженат – зошто тогаш уште пред бракот да не се зближат по пат на сексуален однос?
Сексуалниот однос не е печат за квалитетот на вистинската љубов, туку венчавката. Затоа што вистинската љубов претпоставува исклучиво ветена верност до крајот („Додека смртта не нè раздели.“) која свесно се колне пред највисокиот трансцендентен авторитет како сведок. Дури на тој врв врската на двајца луѓе го заслужува називот „вистинска љубов“, која тогаш навистина се остварува во сексуалниот чин.
- Чекањето на сексуалниот однос создава притисок кој тогаш се испушта во порнографијата и самозадоволството
Чекањето пред бракот претставува своевиден тест: затоа што и во бракот сигурно ќе има период кога брачните другари ќе мораат да се воздржуваат од сексуалните односи. Кога човекот својата сексуалност ја користи само како издувен вентил за своите желби, соништа и разочарувања, тој е многу несреќен и незрел.
- Чекањето на сексуалниот однос честопати се скратува со набрзина венчавање
И што потоа? Како прво, тоа не е грев, а како второ, тоа не значи дека двајцата луѓе поради тоа помалку ќе си одговараат еден на друг.
- Бог не го создал сексуалниот однос така убаво за потоа да ни го забрани!
Сексуалниот однос е Божји вечен дар. Кога тој дар не би бил од Бога, не би било толку прекрасен и убаво осмислен. Токму поради тоа што е така посебен, тој не е пригоден, туку вечен дар.
Жена Врсна/к.мк