Првиот примерок од фото-книгата за Јубилејот 2025 му е подарен на папата Лав XIV

Првиот примерок од фото-книгата за Јубилејот 2025 му е подарен на папата Лав XIV

Надбискупот Рино Физикела, пропрефект на Дикастеријата за евангелизација, му го подари на папата Лав XIV првиот примерок од фото-книгата посветена на Јубилејот 2025, која од 27 ноември ќе биде достапна во книжарниците и онлајн.

На 21 ноември 2026 година, надбискупот Рино Физикела, пропрефект на Дикастеријата за евангелизација, му го претстави и предаде на папата Лав XIV првиот примерок од фото-книгата за Јубилејот 2025, подготвена од Дикастеријата.

Изданието претставува вреден начин да се зачува споменот на Светата Година на Надежта, која во Рим привлече повеќе од 33 милиони ходочесници.

Фото-албумот им овозможува на читателите повторно да ги проследат подготовките за Јубилејот, а пред сè ги документира 35-те големи јубилејни настани што ги претворија Рим и плоштадот „Свети Петар“ во средиште на вниманието на светот.

Преку богатата збирка фотографии, книгата има цел да ја одржи жива пораката на надежта и таа надеж да продолжи да го зајакнува секојдневниот живот на верниците.

Изданието е објавено од Ватиканската издавачка куќа ЛЕВ и ќе биде достапно во книжарниците и онлајн продавниците од петок, 27 ноември.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот