Прашања кои треба да се одговорат пред бракот

Прашања кои треба да се одговорат пред бракот

Како можеш да знаеш дека тоа „засекогаш“ навистина и ќе се оствари? Во продолжение ви предлагаме неколку прашања на кои секој младоженец би требало да може да одоговори пред впуштувањето во авантурата наречена брак.

Времето на одење е прекрасно. Тоа е време во кое едвај чекаме да се сретнеме со другата личност, кога некој од нас ја покажува својата наубава страна – што понекогаш може да се манифестира на грозни начини, зависи од „сериозноста“ на ситуацијата – кога ни изгледа дека душата ни се свртува за 180 степени секогаш кога помислуваме на другата личност или ја слушаме, тогаш се случуваат многу изненадувања и спомени, па така сѐ се чини како да е дел од љубовта.

Истовремено, освен тоа што ги придружуваат бубачките на таквите чувства, одењето е процес на подготовка и созревање, кога парот самиот на себе си се открива и оди кон моментот на доживотно препуштање. Во тој процес, дел опасен, а дел и возвишен, не се плашиме да дадеме ветување за кое на другите би можело да им изгледа ризично, затоа што „засекогаш“ станува многу кратко кога сме со саканата личност. Но може ли тоа „засекогаш“ да биде можно?

Како можеш да знаеш дека тоа „засекогаш“ навистина и ќе се оствари? Во продолжение донесуваме неколку прашања на кои секој младоженец би требало да може да одговори пред впуштањето во авантурата наречена брак.

  1. Зошто ме сакаш?

Оваа прашање на многумина може да им биде збунувачко затоа што, ако сме заедно, тоа е затоа што се сакаме! Зарем не? Но, на што мислиме кога велиме љубов? Еден пријател ме научи на најдобрата дефиниција за љубовта, едноставно дефинирајќи ја како „способност да направиме нешто за другите“. Ако добро го сфатиме овој поим, сѐ останато е полесно да се разбере. Ќе научиш да се одрекуваш од сопствените уживања, ќе се жртвуваш, иако многу пати тоа не е пропратено со „пеперутки“ или среќа: „Нема тоа да му го кажам, затоа што го сакам; го избирам она што му е нему драго, затоа што го сакам; не се намрштувам затоа што го сакам; нема да го направам овој непотребен трошок, затоа што го сакам него/нејзе/своите деца“ итн. Постојат безброј примери. Личноста која е подготвена да сака е накратко подготвена и да вложи труд за да ја изгради врската, па и тогаш „кога не и е до тоа“ или кога „не чувствува ништо“, која е подготвена потполно да се предаде и да ја прифати другата личност во сите нејзини димензии, а не само одредени делови или моменти.

  1. Ќе бидеш ли заљубен во мене и кога ќе западнеш во рутина?

Додека одите, ова не е тешко, тешко е кога сте разделени. Но, после некое време, поради рутината и преголемиот товар и грижите како и уморот, тешко е да се прават работи кои порачуваат: „Сеуште те сакам, ти си ми најважна, имам очи единствено за тебе.“ Важно е да се искаже таа наклонетост дури и кога тоа може да ни претставува дополнителен напор секојдневно. Но љубовта е жртва. Во таа смисла, мажот мора да ја сака својата жена и тоа да ѝ го покаже. Како што свети Хосемарија Ескрива и света Мајка Терезија од Калкута зборувале: „Љубовта, за да биде вистинска, мора да вреди (да чини).“ Да, понекогаш е тешко, но, таа ја носи својата награда.

  1. Ќе останеш ли со мене и во најтешките моменти?

Бракот не е вечен меден месец, а „тешките времиња“ не подразбираат само смрт и болест на сопружникот. Тие се кријат и во обичните замори, во уморот после работа, во лошото расположение после многу расправии, во исцрпеноста предизвикана од непроспиените ноќи поминати во грижа за болното дете… Дури и во неописливата болка во која искусуваме дека некого губиме. Би можела да наведам уште многу примери, но мислам дека е јасно: ќе има тешки периоди. Би се лажеле самите ако мислиме дека поради, тоа што се сакаме, сѐ ќе биде совршено. Свети Фрањо зборувал: „Услужливоста е сестра на милосрдието, таа ја гаси омразата и ја распламтува љубовта.“ Во неволји, да се насмееме, кажи „дај да ти помогнам“ или дури и мал гест, се големи и конкретни знаци на љубов.

  1. Каков родител сакаш да бидеш?

За време на одењето, важно е да се зборува за тоа што очекуваме од родителството. Не се работи само за тоа дали сакаме да бидеме добри родители, затоа што факт е дека сите тоа го сакаат. Што за тебе значи да се биде „добар родител“? Кои вредности би сакал да ги пренесеш на своите деца? Според кои принципи би ги воспитувал? Кој е твојот став по прашањето за отвореноста за животот? Ќе се потрудиш ли да бидеш присутен во нивните животи? Како ќе ги усогласиш своите приоритети со оглед на сопствените проекти и семејството? Тоа се некои од прашањата кои би требало да се постават и за кои би требало да се зборува за време на одењето. Во случај да не знаеш, родителството доаѓа заедно со бракот.

  1. Ќе бараш ли прошка ако си крив, дури и ако ти е тешко?Во една прилика папата Фрањо ги посоветувал паровите да го направат следново:

Во текот на животот правиме толку многу грешки, толку пропусти… Да учиме како да ги препознаеме грешките и да се извиниме. Прости ми ако денес го повишив тонот (гласот); Прости ми ако отидов без поздрав; Прости ми што доцнам, ако оваа недела сум бил незаинтересиран, ако премногу сум зборувал, а никогаш не сум слушал; Прости ми, сум заборавил; Бев лут и жал ми е што на тебе се истурив… Тоа е начин на кој расте христијанското семејство. Исус, кој нас добро нѐ познава, нѐ научи на една тајна; никогаш да не го завршиш денот а да не си побарал прошка, а во нашата куќа и во нашето семејство повторно да не завладеал мирот. Нормално е помеѓу мажот и жената да се случат и расправии, но секогаш постои нешто што можеме по тоа прашање да направиме. Сме се скарале… Можеби си лут, можеби ти летнала некоја чинија, но те молам запомни: никогаш не завршувај го денот без да си се помирил со другиот! Никогаш, никогаш, никогаш! Тоа е тајна, тајна како се чува љубовта и се одржува мирот.

Секако, деструктивните навики понекогаш не само што нѐ обврзуваат да простуваме повторно и повторно, туку и да бидеме подршка на сопружникот на патот кон излекување. Да земеме пример од зависноста од порнографија, која заробува толку многу мажи и жени па така сериозно штети на нивниот брак. Како сопружник, пред вас е ставен предизвик но и благослов на својот партнер да му помогнете на разни начини – на пример, да го насочите кон советување или пак да се посоветувате и да инсталирате филтри на интернетските содржини како што е Convenant Eyes (повеќе за тоа видете на веб страната Integrity Restored).

  1. Би бил ли подготвен да ме поднесуваш и кога ниту самата јас не би можела?

Многу начини има на кои можеме да го разбереме оваа прашање. Во емоционална смисла, дали би имал трпение и би ме поднесувал кога ниту самата јас не би можела? Кога од било кои причини сум фрустрирана, лута, депресивна… Колку долго би можел да бидеш покрај мене, а да не побараш ништо за возврат? (затоа, да бидеме искрени, веројатно нема ништо друго да ти понудам освен спремноста тоа да го надвладеам и да продолжам понатаму). Во економска смисла, ако се разболам, ако ја изгубам работата, ако работите не излезат како што се надевавме, мислиш ли дека ќе можеш да обезбедиш иднина за мене и нашите деца? Ќе работиш ли за нас двајцата? Губењето на работата или болеста не можат да се планираат… Тешко е и не знаеме како би реагирале. Но што мислиш дали би бил подготвен тоа да го направиш?

  1. Сметаш ли дека е навистина е потребно да се венчаме?

Често слушаме дека бракот е само „хартија“,погоден општествен акт. Претставува ли тоа за тебе брак? Бирократски чекор? Важно е да знаеме што претставува бракот за другата личност, затоа што тој е нешто повеќе, многу повеќе од обична потврда. Тој е повик, воздигнат на висина на света тајна, пат кон светост, потполна и неотповиклива преданост на сопружниците, кои одлучуваат дека сакаат да станат темел и извор на семејството. Тоа не може да стои на обичен „лист хартија“ затоа што таа правна врска содржана на тој „лист“ е огромна; таа е симбол кој ја опфаќа нивна потполна предаденост и прифаќање на другиот. Свети Иван Павле II зборувал дека „личноста која не одлучи засекогаш да сака ќе и биде многу тешко навистина да сака па дури и еден ден“. Зошто? Затоа што „засекогаш“ е граден на низата на оние „сега“. Мораме да бидеме верни во малите работи од ден во ден, за да можеме да бидеме верни засекогаш.

  1. Ќе молиш ли за мене?

Го сакаме ли својот партнер со исто срце со кое што го сакаме Бог? Тоа не се некомпактибилни љубови: колку повеќе го сакаме Бога, така повеќе и на подобар начин би можеле да го сакаме другиот; колку повеќе сме му верни на Бог, така повеќе ќе го цениме и ќе се грижиме за другиот. Тој нѐ учи на љубов, тој нѐ поучува на доверба, понизност, великодушност и трпеливост… Според тоа, ако сакаме да ја негуваме љубовта за време на одењето или во бракот, првиот чекор е да го негуваме нашиот однос со Бог и да молиме за другата личност, за да можеме и двајцата да одиме кон патот кој не води кон Бог. Светоста на твојот сопружник е дел од твојата одговорност во бракот.

Последно предупредување!

Никој не започнува трка без претходен тренинг. А одењето е токму тоа: тренинг. Можеби некој после тоа што ќе го прочита ќе помисли: „Но, ова е тешко, кој тогаш би сакал да стапи во брак?“ Имено, не се работи за тоа да ни биде страв од бракот, туку се работи за тоа да влеземе во бракот знаејќи дека нема да биде лесно, дека нема сѐ да биде розово, туку дека ќе биде чудесно. Добро е парот да го знае ова, за да не почне да паничи ако дојде до овие потешкотии во бракот.

Битно.нет/к.мк

 

Категорија: Вера, Семејство
Ознаки брак, млади

За авторот