По осум месеци епископот се врати во својата уништена катедрала

По осум месеци епископот се врати во својата уништена катедрала

Епископот Едвин де ла Пења рече дека првата цел по ослободувањето на окупираните делови на Марави е „обновата на христијанската заедница и добрите односи со муслиманите“, а потоа обнова и на катедралата.

По повеќемесечната борба, населението во филипинскиот град Марави конечно се враќаат во своите домови. Меѓу првите повратници е и епископот Едвин де ла Пења кој после осум месеци се враќа во својата катедрала. Епископот со скршено срце влегол во катедралата и во тишина се моли, клечејќи пред уништениот главен олтар, е објавено на интернет страницата на организацијата „Помош на Црквата во потреба“, чии претставници биле во придружба на епископот.

Потсетуваме, во септември минатата година по три месеци опсада, филипинската војска ослободи делови на градот Марави. Ослободена е и катедралата „Света Марија“ чија внатрешност целосно е уништена, кога на 23 мај речиси 400 терористи на исламистичката група Мауте влегле во градот. Олтарот на катедралата е скршен, на статуите им се скршени главите, а ѕидовите се исшарани со куршуми. По влегувањето во катедралата милитантите го киднапирале свештеникот, десетмина верници и тројца вработени во црквата.

Во акцијата на владините сили во средината на септември минатата година заедно со уште еден заложник ослободен е о. Терезита Суганоба викан „Чито“, викар на апостолската прелатура Марави.

Во конфкиктот помеѓу исламистите и владините сили настрадаа повеќе од илјада луѓе, поголемиот број џихадисти, а околу половина милион население е раселено.

Според извештајот на хуманитарните организации, милитантите заробиле голем број цивили, мнозинството христијани, ги мачеле, злоупотребувале, сексуално ги искористувале, ги користеле како жив штит и ги присилувале на производство на оружје.

Градот претрпува огромна материјална штета, а според проценките на филипинските власти за обнова на Марави ќе бидат потребни повеќе од 50 милијарди долари. Станува збор за град во кој пред конфликтот живееле околу 400 илјади луѓе, поголемиот број муслимани, а кои моментално се раселени по околните подрачја.

На почетокот на октомври во катедралата „Света Марија“ е служена света Литургија – прва после четири месеци опсада. Конечното ставање крај на конфликтот овозможи враќање на населението и почеток на обновата на разрушениот град.

Епископот Едвин де ла Пења рече дека првата цел по ослободувањето на окупираните делови на Марави е „обновата на христијанската заедница и добрите односи со муслиманите“, а потоа и обнова на катедралата.

-Во своето делување нема да гледаме дали оние на кои им е потребна помош се христијани или муслимани… Ќе им помагаме на сите затоа што Господ така зборува, затоа што тие се наши браќа и сестри. Помагаме затоа што тоа е потребно, а каде што има потреба, таму Господ нè испраќа – рече епископот на Марави во разговор за „Помош на Црквата во потреба.“

Да се молиме за нашите филипински христијани!

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот