Почина сестра Мирјам Долошиќ

На 17 јули 2014 година во скопската болница 8-ми Септември почина сестра Мирјам Долошиќ, член на чесните сестри Усмиленки.

Сестра Мирјам е родена на 4 јануари 1951 година во Осиек, Хрватска. Од 1991 година делуваше во Битола, како медицинска сестра и работеше во домот за стари лица, сѐ до денот која се пресели во вечноста на 64 годишна возраст и 47 години животот во Дружбата на ќерките на христијанската љубов на свети Винко Павелски.

Погребот го изврши Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во сабота 19 јули 2014 година на Градските гробишта Бутел во Скопје

Нека почива во мир.

с.Ѕ.Т.

Категорија: Македонија

За авторот