Почина мајката на бискупот Стојанов

Почина мајката на бискупот Стојанов

Во среда 25 август 2021 година почина Велика Стојанова, мајка на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх. Погребениот обред на покојната Велика ќе биде во четврток 26 август 2021 година со почеток во 11.00 часот во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радово.

Велика Стојановa е роденa на 5 февруари 1931 година. Во брак стапува со Илија Стојанов и од тој брак им се родија пет деца од кој еден епископ, еден свештеник и две чесни сестри, кои се во монашката заедница на сестрите Евхаристинки.

Бог нека ја награди со вечен живот. Вечен спомен!

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот