Словачкиот кардинал Јозеф Томко почина во понеделник наутро. Тој беше почесен префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите и најстариот член на Кардиналскиот колегиум.
Кардинал Јозеф Томко, почесен префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите, почина во Рим во 5 часот наутро во понеделникот, 8 август, на 98-годишна возраст.
Кардиналот со словачко потекло беше најстариот член на Кардиналскиот колегиум. За кардинал е именуван во 1985 година од папата Иван Павле II.
Кардинал Томко почина во својот стан во Рим, каде што за него се грижеа Милосрдните сестрите на Свети Винсент Павелски.
Во болницата Гемели во Рим беше примен на 25 јуни поради повреда на цервикалниот ‘рбет, а се врати дома во саботата, на 6 август, за да продолжи со домашната нега. За време на престојот во болницата го посети државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин.
По добивањето на веста за неговата смрт, Словачката бискупска конференција ги покани верниците да се молат за упокојување на душата на кардиналот. Датумот на погребот во Рим, а потоа и во Кошице ќе биде објавен дополнително.
Првичната порака од Канцеларијата за печат на Словачката бискупска конференција гласи:
„Со тешко срце и во исто време со надеж за воскресение објавуваме дека Н.Е. кардинал Јозеф Томко денес 8 август 2022 година, во раните утрински часови во неговата резиденција. во Рим му ја предаде својата благородна душа на Господа, опкружен со неговите најблиски соработници.
Ги повикуваме сите да го вклучат во своите молитви. Повеќе информации за погребот во Рим и погребот во катедралата Света Елисавета во Кошице, каде што ќе биде погребан, ќе бидат објавени наскоро.
Ватикан њуз/к.мк