Почина дон Живко Кустиќ

Првиот главен уредник на Информативната католичка агенциј ИКА, дон Живко Кустиќ почина во Загреб на 19 јули 2014 година на 84 годишна возраст, јавено е од Крижевската епархија. Источно католичкиот свештеник, голем проповедник, едно од најголемите имиња во хрватското католичко новинарство, ментор на многу нови генерации католички новинари, долгогодишен уредник на Глас Концила и Жива заедница, автор на бројни книги, кои на пошироката верничка јавност на прифатлив начин ја објаснува вистината на католичката вера, голем поттикнувач и соучесник на многу големи иницијативи на Црквата во Хрватска, меѓу кои се основањето на издавачката куќа „Кршчанска садашњост“, Веронаучна олимпијада, Мал Концил, Информативна католичка агенција – ИКА.

Посебно ќе остане запаметен по своите коментари и рубриката Писма на селскиот парох, дон Јуре, кои со години ги пишуваше за Глас Концила, како и по народните мисии и духовните вежби кои ги одржуваше низ цела Хрватска и дијаспората.

Роден е на 12 декември 1930 година во Сплит, за свештеник е ракоположен на 4 мај 1958 година во Крижевци, со сопругата Марица, која почина во 2010 година имаа пет деца.

Погребот на дон Живко Кустиќ ќе биде во вторник 22 јули во 10.00 часот, а Миса задушница ќе се служи во источната католичка конкатедрала Свети Кирил и Методиј во Загреб, истиот ден во 18.00 часот.

ИКА/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот