Поуки на Папата за христијанскиот живот искажани на фудбалски јазик
Како голем љубител на фудбалот, Папата знае да користи споредувања поврзани со спортот. Тој уште од мали нозе навива за аргентинскиот клуб Сан Лоренцо. Така не зачудува фактот што Папата често, говорејќи за христијанскиот живот, (како и свети Павле во свое време) знае да се користи со фудбалскиот јазик. Еве неколку такви примери кои во ова фудбалско време можат да бидат одличен поттик во нашиот христијански раст:
„Исус од нас бара да го следиме преку целиот живот. Бара од нас да бидеме негови ученици, да играме во неговата екипа“.
И веднаш објаснува:
„Што прави играчот веднаш штом ќе биде повикан да биде дел од екипата? Мора многу, многу да тренира. Истото вреди и во животите на Божјите ученици. Овие тренинзи се корисни за наследување на Исус: молитва, свети Таијни, помагање и служење на ближните“.
Победите и поразите се составен дел од фудбалот, а она што христијанинот може да научи од тоа Папата го искажува преку следните зборови:
„Ако во животот погрешиш, ако се лизнеш и паднеш или направиш нешто погрешно, немој да се плашиш! Исусе погледни што направив. Што треба да направам? Секогаш разговарај со Исус, и во добро и во зло“.
Секој пораз е болен, а посебно кога, како во случајот со натпреварот помеѓу Бразил и Хрватска, резултатот е неправеден. Сепак, Папата предупредува дека е потребно секогаш да се игра „чисто“ и да се избегнува себичноста.
„Во текот на натпреварот, кога си на теренот, ја препознаваш убавината и големината на тимската работа. Ако тој недостасува екипата ја губи својата сила, иако можеби победува“.
Иако цел на секое натпреварување е победата и освојување на трофејот, Папата предупредува дека за христијанинот постои една поважна цел:
„Исус ни нуди нешто повеќе од титула Светски првак! Исус ни нуди можност за плодоносен и радосен живот. Ни нуди заедништво со Него во вечноста! Тоа е Исусовата понуда!“
Битно нет/В.Н.