Потврден датумот за објавување на новата енциклика на Папата
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека новата енциклика на папата Фрањо ќе биде објавена на 18 јуни.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол, „за да избегнат забуни“ заради ширење на непотврдени информации објави дека во четврток на 18 јуни ќе биде објавена новата енциклика на папата Фрањо. Останатите информации Канцеларијата за печат ќе ги објави во текот на следната недела.
РВ/Д.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан