Во видео порака упатена по повод средбата на сиромашните, која е организирана од здружението Брат, а ќе се одржи во Лурд од 14 до 17 Ноември 2019 година, папата Фрањо потсети за смислата на Светскиот ден на сиромашни, кој го воспостави во 2017 година.
Можност за поголема свест за сиромаштвото, во кое живееше и Исус, во моментите кога е ставен на страна и кога не беше прифатен – тоа е смислата на Светскот ден на сиромашни според зборовите на папата Фрањо упатени преку видео пораката „Собир Брат 2019“, кој е организиран во Лурд од здружението Брат ([We are] Fratello). Четирдневната средба на пријателство и молитва ќе се одржи од 14 – 17 Номеври, кога се одбележува третиот Светски ден на сиромашни.
Светски дена на сиромашни во Лурд
Во видео пораката, снимена на 5 Октомври, а објавена на фејсбук профилот на споменатото здружение, кое се ангажира за промовирање на иницијативи во корист на најсиромашните и ранливите групи, Папата потсетува дека како нејзини членови, секој од нив, го живее сиромаштвото кое има свои корени и причини. Папата ги поттикна да бидат сите заедно. Би било убаво кога би можеле да отидете сите, па и со придружба, на средбата во Лурд, како би биле близу до Исусовата мајка, која многу добро го познава сиромаштвото.
Надевањето нема да биде залудно
Во јуни е објавена пораката за Светскиот ден на сиромашни, кој оваа година се одбележува на тема: Надежта на бедните нема никогаш да престане (Псалм 9,18). Со неа се потсетува дека постои ‘длабока вистина’ која успева верата да го втисне на посебен начин во срцето на најсиромашните, а тоа е враќањето на изгубената надеж од неправдата, страдањето и неизвесноста во животот. Папата во пораката своите мисли ги упатува посебно на мажите и жените, младите, децата, жртвите на новите ропства поради кои стануваат мигранти, сираци, бездомници и маргинализирани.
Ватикан њуз/к.мк