Порака на Папата до млади во Базел на средбата од Тезе

Порака на Папата до млади во Базел на средбата од Тезе

Дозволете радоста која се раѓа од пријателството со Исус секогаш да престојува во вас – истакна папата Фрањо во пораката упатена до илјадниците млади кои од 28 декември 2017 година, па до 1 јануари 2018 година учествуваат на 40 европска средба која заедницата од Тезе ја организираше во Базел.

Дозволете радоста која се раѓа од пријателството со Исус секогаш да престојува во вас – истакна папата Фрањо во пораката, која ја потпиша папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, упатена до илјадниците млади кои од 28 декември 2017 година, па до 1 јануари 2018 година учествуваат на 40 европска средба која заедницата од Тезе ова година ја организираше во Базел, на раскрсницата помеѓу Швајцарија, Франција и Германија. Тоа е радост која никогаш не се затвора за другите, како ниту за страдањето во овој свет – рече Папата, а потоа ги поттикна млади да станат соединети со Господ преку молитвата и слушањето на Неговото Слово, за да им помогне своите таленти да ги употребат за развојот на културата на милосрдието, втемелена на повторното откривање на средбата со другите.

Заедничката желба на младите собрани во Базел е да го пронајдат изворот на радоста. Токму тоа е темата која ќе ги води вашите размислувања и ќе ја просветли вашата молитва – рече Папата во пораката и им ја загарантира својата духовна близина. Потсетувајќи потоа на апостолскиот поттик „Evangelii gaudium“, истакна дека радоста на Евангелието го исполнува срцето и целиот живот на оние кои се среќаваат со Исус. Оние кои дозволуваат Он да ги спаси ослободени се од гревот, жалоста, внатрешната празнина и осаменоста.

Во текот на ова година која е при крај, е прославена 500 годишнина од реформацијата – стои потоа во пораката. Папата го моли Светиот Дух да ви помогне на вас, младите протестанти, католици и православни, да се радувате и богатете со различноста на даровите кои ги примиле сите Христови ученици, за да покажете дека радоста на Евангелието нè соединува и покрај сите рани од нашите поделби. На крајот Светиот Отец го поделува својот благослов на сите учесници на средбата, на браќата од заедницата, како и на сите кои во Швајцарија, Франција и Германија им пружија гостопримство на младите.

Имено, ова година европската средба на млади прв пат се одржува истовремено во тие три земји. Средбите ја опфаќаат провинцијата која е навиканата на надминувањето на границите и на прифаќањето на различностите. Ние бевме повикани во Базел – рече брат Алоис, приор на Заедницата од Тезе и додаде: Среќни сме што овогодинешната средба се одржува овде, затоа што Базел не преставува само град, туку целото тоа подрачје кое ги вклучува и деловите од Франција и Германија.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот