Порака на Папата до ватиканските академици

Порака на Папата до ватиканските академици

На 5 декември 2017 година, папата Фрањо упати порака до членовите на Папските академии кои се собраа на својата 22. свечена јавна седница на тема „In Interiore homine“.

Станува збор за настан кој секоја година се одржува во римската палата Palazzo della Cancelleria, и во таа прилика се доделуваат награди во различни категории. Пред доделувањето на наградите за оваа година, Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин ја прочита пораката на Папата, во која Светиот Отец изразува надеж дека признанијата ќе бидат поттик за истражување и продолабочување на основните теми за визијата на христијанскиот хуманизам.

Светиот Отец го поздрави тоа што на седницата за прв пат е присутна „Папската акдемија Latinitas“, која во ноември 2012 година ја основаше почесниот папа Бенедикт XVI, со цел да го поддржи залагањето за поголема свест и способност за користењето на латинскиот јазик, како на црковното подрачје така и во широката култура.

Се присети на црковните отци и латинските писатели од првиот христијански милениум, фокусирајќи се посебено на ликот и улогата на свети Августин кој, започнувајќи од своето лично искуство посведочено во неговото дело „Исповеди“, нуди незаборавни страници на мудрост. Цитирајќи го делото на Августин „За вистинската религија“ и „Трактатот за Евангелието според Иван“, папата Фрањо размислува за важноста и значењето на спознание на самиот себе, поим кој е од централна важност исто така за многу други класични писатели и филозофи и истакна дека тоа е и клучна тема за современиот човек.

Драги пријатели – продолжува Папата – како свети Августин и јас на вас академиците, а посебно на вас кои имате одговорност да поучувате и да ја пренесувате мудроста на отците која се наоѓа во текстовите за латинската култура, би сакал да ви упатам повик: говорете во срцата на младите луѓе, чувајте го богатството на неверојатното наследство од латинската традиција за да ги едуцирате на патот на животот и да ги придружувате на патеките кои се богати со надеж и доверба, користејќи се со искуството и мудроста на оние кои ја имале радоста и храброста „да се вратат на самите себе“ за да го следат својот човечки идентитет и повик – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот