Пораката на Папата на Твитер на Меѓународниот ден на детето

Пораката на Папата на Твитер на Меѓународниот ден на детето

Да работиме заедно за децата да можат да нѐ гледат со насмевка, и да го сочуваат бистриот поглед полн со радост и надеж – е пораката која папата Фрањо ја испрати на својот профил на Твитер, на девет јазици, на Меѓународниот ден на детето – 20 ноември, кој го воспостави ООН.

Било од која земја да доаѓате, во војна или во мир, и пред насилството и злоупотребата, она што на децата не може да им се одземе е можноста да сонуваат – рече Паоло Розера, директорот на УНИЦЕФ Италија, коментирајќи ги зборовите на Папата. Притоа додаде дека е важен токму советот сите заедно да се заземаме, затоа што резултатите во заштитата и поддршката на децатасе постигнуваат работејќи заедно, создавајќи мрежа и системи за заштита на децата.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот