Ватикан објави следниот Меѓународен евхаристински конгрес, за кој од претходно е познато дека ќе се одржи во Кито, во Еквадор, ќе биде во периодот од 8 до 15 септември 2024 година. Темата на Конгресот ќе биде фокусирана на исцелителната моќ на христијанското братство. „Таа голема црковна средба ќе ја покаже плодноста на Евхаристијата за евангелизација и обнова на верата на латиноамериканскиот континент“, стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Целта на одржувањето на Меѓународните евхаристиски конгреси е токму сведочењето на реалното Христово присуство во Евхаристијата и промовирање на подоброто разбирање на Литургијата, Евхаристијата во животот на Црквата. Конгресот е можност за редовна молитва, Евхаристиско поклонување, големи евхаристиски процесии и литургиски славења со католиците од целиот свет. Настанот вклучува духовни разговори, катехези и сведоштва на црковни водачи и голем број говорници. Темата на конгресот во 2024 године ќе биде „Братството за исцелување на светот: Сите вие сте браќа.“
Ватикан уште во март 2021 година објави дека папата Фрањо одлучил следниот Меѓународен евхаристиски конгрес да се одржи во Еквадор. Интересно е што таа година Еквадор ќе прослави 150 години од посветата на Пресветото Срце Исусово. Инаку во надбискупијата Кито живеат повеќе од 2,7 милиони католици, што сочинуваат дури 85 отсто од населението.
Претстојниот конгрес ќе биде уште една прилика папата Фрањо да ја посети Јужна Америка. Инаку папата Фрањо во Кито престојуваше во текот на својата апостолска посета на Еквадор, Боливија и Парагај во 2015 година.
Ватикан њуз/к.мк