За среќа можеме да соопштиме дека никој не е повреден, и дека пожарникарите успееја да го спасат највредниот предмет во капелата.
Пред неколку денови силен пожар во целост ја уништи капелата „Марија Помошничка“ која се наоѓа во склоп на средното училиште „Свeти Иван дон Боско“ во Њу Џерси кое го водат сестрите салезијанки.
Алармот за пожар се огласи околу 1:30 утрото, но иако набрзо пристигнаа четири противпожарни единици, огнот не беше изгаснат сѐ до 4 часот.
Во официјалното соопштение сестрите истакнуваат дека се длабоко погодени од ова случување, но и среќни бидејќи никој не е повреден и затоа што највредниот предмет во капелата е сочуван.
„За среќа можеме да соопштиме дека никој не е повреден, и дека пожарникарите успееја да го спасат највредниот предмет во капелата: Дарохранителницата,“ пишуваат сестрите.
Една од сестрите на својот Твитер профил објави фотографии од капелата после пожарот, при што го сврте вниманието на јавноста на еден многу интересен детал.
Имено, Библијата која останала на една клупа била отворена на страниците на Книгата за Јов. Старозаветна библиска книга која зборува за страдањето на праведникот и Божјиот одговор на него.
Битно.нет/к.мк