Папата Фрањо упати видео-порака по повод собанието на Папските мисиски дела и притоа истакна дека таа институција е важна реалност за посланието на Црквата, но е слабо позната.
Обврската за евангелизација ги шири просторите на верата и љубовта сѐ до крајните граници на земјата – истакна папата Фрањо во видео пораката упатена по повод Генералното собрание на Папските мисиски дела кое се одржува во Ватикан од 28 мај до 2 јуни. Папата истакна дека основањето на Мисиските дела пред речиси 200 години заради молитва и делување со цел негова поддршка, Папски, покажува колку посланието кон сите народи е на срцето на Петровиот наследник. Тоа и денес е случај како и во тоа време.
Зошто таа институција, денес присутна во 120 земји е важна? – Пред сѐ – објасни папата Фрањо – заради тоа што треба да се молиме за мисионерите и мисионерките. Молитвата е првото мисиско дело кое секој христијанин може и треба да го прави – истакна Папата и додаде дека таа е и најделотворна. Имено, Духот Свети ја води евангелизацијата напред. Освен тоа, важна е затоа што името на Папата ја гарантира праведната распределба на помошта, така што сите Цркви во светот имаат барем минимална помош за своите потреби.
Светиот Отец во видео пораката ги охрабрува сите да соработуваат со Папските мисиски дела. На тој начин – според неговите зборови – Црквата продолжува да се отвора за сите и со радост го навестува Евангелието на Исус Христос, Спасителот на светот.
РВ/к.мк