Повеќе од 200 сиромашни вечераа во Ватиканските градини

Ватикан, 3.7.2013 /к.мк/ – Повеќе од 200 римски сиромашни се собраа на 1 јули пред Лурдската пештера во Ватиканските градини, на вечера која ја организираше друштвото Свети Петар, која го помага папското каритативно делување и чиј волонтери во таа прилика ги служеа сиромашните. Ова е голема чест за оние во потреба. На овој настан учествуваше и кардинал Џузепе Бертело, претседател на управата на државата град Ватикан, како и претставник на друштвото монсињор Франко Камалдо, кој рече:

Тоа беше ден на голема радост и ведрина. Нашите сиромашни се многу благодарни на оваа вечер и ја доживееја на посебен начин. Меѓу волонтерите беше и послужуваше и кардинал Бертело. На лицата на нашите штитеници можеше да се види голема радост, помешана со емоции и скоро со неверување: да се биде во Ватиканските градини, и тоа пред Лурдската пештера, и да се биде послужуван! – рече монсињор Камалдо и додаде дека по вечерата на сиромашните им се подарени по две кеси – една со овошје, а друга со слатки. За спомен на овој ден на секој од учесниците им е подарен приврзок со ликот на Папата. За време на вечерата често пати сиромашните извикуваа: „Да живее Папата, да живее Папата!“ На крајот следуваше впечатлива сцена: многу сиромашни пристапуваа со лични писма и пораки за Светиот Отец, што всушност ја изразува нивната благодарност кон Папата – рече на крајот монсињор Камалдо. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<