Славниот британски пејач Стинг во среда 8 август 2018 година, заедно со илјадници други верници присуствуваше на Генералната аудиенција предводена од папата Фрањо.
После кратката средба со Папата, повеќекратниот добитник на Греми наградата замина со своето семејство во посета на Ватиканските музеи и Сикстинската капела, а ги водеше директорката на музејот Барбара Јата.
Стинг е поврзан со Ватиканските музеи преку деловна соработка, затоа што компонираше музика за шоуто насловено „Последниот суд. Микеланџело и тајните на Сикстинската капела“, која од март оваа година се одржува во Рим.
Шоуто е дело на Марко Балич, уметнички директор на последните неколку церемонии на Олипмписките игри. За време од еден час, публиката има можност да ги истражува и открива деталите на Сикстинската капела, да ги проучува фреските, а завршниот дел е резервиран за Последниот суд на Микеланџело.
Песните кои ги осмисли Стинг за шоуто се посебно импресивни, добро конституирани и добро замислени за ова шоу, така што може да се каже дека е чувствителна личност и има нешто во свеото срце“ – рече директорката на Ватиканскиот музеј во разговор за Crux. Но таа нагласи и тоа дека шоуто не е замена за посета на Сикстинската капела.
Приредбата која е посетена веќе од сто илјади посетители, ќе се одржува сѐ до 26 октомври.
Алетеја пишува дека Стинг е роден во католичко семејство, но не е верник. Неговата сопруга Труди, пишува Алетеја, е верничка која ги крстила своите две деца кои ги има со пејачот и дека многу го сака папата Фрањо.
Сликите од сребата Стинг ги објави на својот Твитер профил.
Ватикан њуз/к.мк