Пет работи кои треба да ги знаете за Светскиот ден на млади во Панама

Пет работи кои треба да ги знаете за Светскиот ден на млади во Панама

На 22 јануари 2019 година во Панама започна 15 меѓународен Светски ден на млади, а Catholic News Agency наведе 5 работи кои треба да ги знаете за ова средба на млади католици.

  1. Бројот на поклониците

Според податоците од Ватикан за средбата се пријавиле 150.000 млади од вкупно 155 земји. Односно помал број ходочасници отколку на претходните средби, но причината е што Светскиот ден на млади се одржува за време на учебната година. Од надбискупијата во Панама порачаа дека очекуваат сепак поголем број ходочасници и предвидуваат дека на завршното евхаристиско славење ќе се соберат најмалку половина милион луѓе.

  1. Панама

Станува збор за мала држава во Средна Америка која има околу 4 милиони жители од кои 85% католици. Поголем дел од настаните за Светскиот ден на млади ќе се одржат на полустровот Кампо Санта Марија ла Антигва. Ходочасниците се поттикнуваат да ја видат убавината на Панама Сити и црквите кои се наоѓаат во него. Градот со 1,5 милион жители се наоѓа на Панамскиот канал, на вештачкиот воден премин конструиран во 1914 година кои ги спојува Атланскиот и Тихиот океан.

  1. Настани на Светскиот ден на млади

Овогодинешниот Светски ден на млади ќе биде одржан во знак на темата за прифаќање на Божјата волја и цитатот на Марија од Евангелието според Лука: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ Покрај евхаристиските славење, настаните вклучуваат серија предавања, конференции и концерти кои ќе бидат на таа тема.

  1. Латиноамериканска духовност

Органзаторите планираат Светскиот ден на млади да го посветат и на истакнувањето на католичката духовност и на светците од тој дел на светот. Така ликот на свети Оскар Ромеро епископ на Салвадор кој беше канонизиран минатата година ќе биде еден од „заштитните знаци на средбата.“

  1. Папа Фрањо

Папата пристигнува во Панама на 23 јануари, следниот ден ќе се сретне со претседателот на Панама Хуан Родриез, а потоа и со епископите од средноамериканските држави. Во Панама останува до 27 јануари кога ќе слави света Литургија со која ќе заврши Светскиот ден на млади.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот