Пет години без отец Паоло Дал Оглио

Пет години без отец Паоло Дал Оглио

Човек во движење и посредник за мир во Сирија.

Браќата и сестрите на отец Паоло Дал Оглио, Исусовец кој на 29 јули 2013 година е киднапиран во Сирија никогаш не престанаа да сеат надеж. И покрај болката заради отсуството и понатаму веруваат во враќањето на својот брат свештеник. Паоло кој поголемиот дел од животот го поминал со сирискиот народ, работејќи за помирување, градејќи мостови помеѓу Истокот и Западот, и отворајќи ја вратата на сиро-католичкиот манастир „Mar Muse“ кој го обновил во 1982 година, а кој и денес е место на духовна поткрепа што е многу важна работа за земјата која е длабоко обележана од војната – посведочија сестрите на патер Паоло.

Отец Паоло Дал Оглио е киднапиран на 29 јули 2013 година во Рака кој набрзо стана сирискиот главен град на самопрогласената Исламска држава. Во Сирија се враќа во 2013 година откако режимот во 2012 година не му ја обновува дозволата за престој. Се чувствувал како прогоненик кој стекнал способост јасно да ги исчитува ризиците од војната која била во тек. Бил Исусовец кој како таков се инкултурирал во животот на Сиријците, во нивната историја и во нивната иднина, толку што предупредувал на она што се случувало и тоа го осудувал во остри интервјуа – нагласиле сестрите на патер Паоло.

Семејството сведочи за „долгите и многу болни години,“ кои се обележани со немањето вести за отец Паоло. Во текот на тие пет години, меѓутоа се зголемила нивната близина со сирискиот народ затоа што за нивниот брат Сирија била повик, повик на дијалог; и тоа им помогнало и сѐ уште им помага да одат понатаму. Мајката на отец Паоло го чека враќањето на својот син; имала прилика да напише статија за парохиски билтен во која потсетила на неговото патување во Либан во почетокот на 1977 година, на почетокот на новицијатот. Тогаш рекол: „ќе станам Арап“, што сведочи дека целосно уживал во својот повик. Неговата мајка истакнува дека неговиот повик им дава сила секогаш да се надеваат очекувајќи дека повторно ќе го пронајдат. А исто така се надеваат дека таа порака ќе стигне до отец Паоло без разлика каде се наоѓа.

Човек во движење и посредник за мир во Сирија – го опишала една сестра на отец Паоло за кој папата Фрањо две години по неговото киднапирање упати апел за време на молитвата Ангел Господов да биде пуштен на слобода заедно со православните епископи кои се киднапирани во Сирија. Мораме да ги составиме делчињата колективна болка која ја доживеавме и која се доживува во таа земја. Конфликтите создадоа раздор и во христијанскиот свет. Денес е потребно да се надминат спротивните ставови за Сирија повторно да се обедини и за да се создаде ново сириско општество – велат сестрите на отец Паоло.

Во манастирот Пресветиот Спасител кој е италијанското седиште на монашката заедница „Mar Musa“, недалеку од Рим е во согласност со она како што одредил отец Паоло: постојан дијалог помеѓу христијаните и муслиманите. Во недела, на 29 јули на петтата годишнина од киднапирањето во 18 часот ќе се служи света Литургија за отец Дал Оглиo во упорна надеж дека наскоро ќе можеме да го прегрнеме – стои во соопштението. Затоа сите се повикани да се молат во заедништво за него и за сите киднапирани луѓе и за жртвите на насилството и омразата, во Сирија и на Блискиот Исток и во целиот свет.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот