Петиција за слобода на говор до интернет пребарувачот Mozilla
Низ интерент кружи петиција против до интернет пребарувачот Mozilla (FireFox) поради тоа што го отпушти од работа Brendan Eich, поранешен директор на Mozilla, кој се застапува за брак помеѓу маж и жена. Имено, Eich донира илјада долари во кампања во Калифорнија, која е за заштита на бракот помеѓу маж и жена.
ЛГБТ заедницата веднаш реагираше и го повика управниот одбор на Mozilla веднаш да се отпушти од работа Eich. По притисокот од компанијата, Brendan Eich даде отказ.
Поради тоа CitizenGO повикува на потпишување петиција за борба против слободата на говорот, а се води под мотото„NoZilla pledge“. Може да се потпише тука. Станува збор за петиција за слобода на говор и одлучување според совеста.
Поради ваквиот однос на Mozilla и други интернет иницијативи во знак на протест кон компанијата повикуваат од своите персонални компјутери да се деинсталира и да не се користи овој пребарувач.
Извор: CitizenGO. org+Лаудато