Апостолското патување на папата Фрањо во Перу, кое е на програмата од 18-21 јануари 2018 година, граѓаните на таа земја ги исполнува со радост и надеж – рече во разговор за Радио Ватикан надбискупот на Лима, кардинал Луис Кипријани Торне. Перу е католичка земја и е многу блиска со Светиот оотец. Заради тоа во целата земја апсолутно сѐ е во движење, со голама радост и надеж – додаде кардиналот.
На новинарско прашање како се гледа таа надеж посебно во историјата на таа земја, која има големо богатство на светци, кардинал Кипријани Торне истакна дека животот на тие светци влезе во идентитетот на перуанскиот народ. Секој Перуанец се чувствува многу близок со нив, на пример со света Роза од Лима, со свети Мартин од Порес… истакна кардиналот. Нивната присутност е многу длабока и духовна и го обележува нашето чекорење во Латинска Америка. Првите светци доаѓаат токму од Перу – нагласи кардинал Торне.
Осврнувајќи се потоа на еден од важните моменти од посетата на Папата, средбата со народите од Амазонија, кардинал Кипријани Торне истакна дека на Папата му лежи на срце почитувањето на природата и потсети дека низ Перу се протега еден дел од амазонската шума. Светиот Отец одржа говор за почитување на природата која ни е потребна. Ако ја уништуваме природата, ги уништуваме и луѓето кои живеат на тие места – реча кардиналот и додаде дека тоа е и почеток на панамазонската синода, која ќе се одржи следната година.
РВ/к.мк