Парохискиот Каритас од Богданци донираше користена облека на ЈУ „СЗ Демир Капија“

Парохискиот Каритас од Богданци донираше користена облека на ЈУ „СЗ Демир Капија“

Парохискиот Каритас при парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци на 25 јануари 2018 година ги предаде собраните алишта на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија.

По тој повод Специјалниот завод од Демир Капија додели Благодарница на Парохискиот Каритас од Богданци заради нивното ангажирање. Во таа прилика о. Тома Ангелов истакна дека на Благодарницата стои името на Парохискиот Каритас од Богднаци, но во суштина се испишани имињата на сите оние кои ја подржаа оваа акција, како што се жителите на Богданци и оние од околните места.

Акцијата на Парихискиот Каритас во Богданци за собирање на облека продолжува и во наредните месеци, а се со цел да им се помогне на оние кои се во потреба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот