Папскиот советник: Обновата на Црквата не е некој проект, туку дело на Светиот Дух
Кардиналот Оскар Родригез Марадијага, изјави дека за папата Фрањо обновата на Католичката Црква и нејзината стrуктура „не е некој проект, туку делување на Светиот Дух“ кое бара време. Кардиналот Марадиjага е координатор на Kардиналскиот совет кој го формира папата Фрањо со задача да работи на обнова на Римската курија, и да го советува во водењето на Црквата.
Ова изјава кардиналот ја даде во друштво на останатите кардинали од тој совет, а по повод претставувањето на книгата на исусовецот о. Антонио Спадаро „Моите врати секогаш се отворени“, која претставува проширена верзија на интервјуто кое што папата Фрањо го даде овој септември на исусовските медиуми во целиот свет.
Кардиналот Марадијага истакна, како што пренесува Католик Хералд, дека насловот на книгата исто така може да биде и тема на понтфикатот на папата Фрањо. „Темата за отворени врати е сржта на проповедите на папата Фрањо“, рече кардиналот и додаде дека тоа означува став на доверба и прифаќање на другите, но и – барем додека станува збор за црковните врати – барањето на Папата до парохиите со задоволство да помагаат на луѓето за да влезат, а евангелската порака да излегува во светот.
Кардиналот исто така рече дека од книгата добро се гледа како „Папата се гледа во улога на чувар како свети Јосиф“ кој се грижи за Црквата „не како полицаец, туку како татко“. Притоа е „столбот на папската духовност за расудување“, што е честа тема во списите на свети Игнациј од Лојола, а бара молитвено исчитување на реалноста и собирање на различни мислења пред донесување на конечна одлука. Тоа е средство кое овозможува за „подобро да се запознае Господ и одблиску да се следи“.
Кардиналот на шега додаде дека Кардиналскиот совет од осум кардинала не е некој папин „Г-8“, туку е негов “C-8” кој му помога во одлучувањето, а одлучувањето бара време“.
Како одговор на прашањето на оние кои сакаат брзи реформи, кардиналот ги наведе зборовите кои Папата ги кажа на о. Спадаро: „Секогаш ни треба време за да ги ставиме темелите за вистинска ефикасна промена. Тоа е време за расудување.“
Папата Фрањо е отворен и секогаш ги проучува сите околности, во молитва размислува како одблиску да го следи Христа, и ги охрабрува другите да го прават истото, нагласи кардинал Марадијага и додаде: „Во овој контекст можете да ја разберете неговата обнова на Црквата која не е некој проект, туку делување на Светиот Дух.“
Лаудато/Д.И.