Папскиот делител на милостина на Велики Петок со сиромашните

На Велиики Петок, додека Папата ја предводеше побожноста Крстен пат во римскиот Колосеум, неговиот делител на милостина, архиепископот Конрад Крајевски, на римските сиромаси им подари знак на папската близина.

Околу 300 бездомници, мажи и жени, добија плик со слика на Папата, восресна честитка и некоја пара. Малиот дар ги изненади сите, а радоста и возбудата ги развеселија лицата на бездомниците. Многумина ја бакнуваа сликата на Папата и посакаа лично да можат да му забалгодарат.

Таа вечер делителот на Папската милостина ги посети поглемите железнички станици во Рим и во близината на базиликата Свети Петар, а во Ватиакн се врати после полноќ. „Следејќи го Христос на патот на љубовта, ние сееме наде“ – често вели Светиот Отец.

 РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот