Папската академија за живот во едно соопштение повторно повика кога е во прашање вакцината да се надминат национализмите. Имунизацијата е општо добро за сите; треба да се избегне задоцнување посебно во сиромашните земји. Надбискупот Винченцо Паглија побара повеќе внимание и совест за никој да не биде запоставен.
Да се спречи трката за вакцина, да се промовира соработка меѓу државите во нејзината дистрибуција, да не се изостават сиромашните земји и така најранливите – се важните барања кои ги постави Папската академија за живот која во едно соопштение се осврна на многу сериозните проблеми кои се појавуваат во производството и дистрибуцијата на вакцините против болеста Ковид-19. Потребно е итно да се утврдат соодветни системи за транспаретност и соработка – стои во документот.
Спомнувајќи ја божиќната порака Urbi et Orbi на папата Фрањо во документот на Папската академија за живот се потсетува на барањето на Папата упатено до сите државни власти, компании и меѓународни тела да промовираат соработка, а не конкуренција, сакајќи вакцина за сите луѓе, а посебно за најранливите и оние во потреба во сите краишта на нашата планета. На прво место треба да бидат најранливите и оние во потреба – предупреди Папата. Тие зборови – ова се истакнува во документот, бараат одговорно внимание од сите.
Папската академија потоа се повикува на документот составен заедно со Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој објавен на 29 ноември минатата година во кој се истакнува дека вакцината е општо добро и се бара да се надминат „национализимите“ односно обидите повеќе држави во што пократок рок да имаат своја вакцина, набавувајќи ги порано сите количини потребни за нивното население. Станува збор за трка која неизбежно создава нееднаквост.
Треба да се промовираат и поддржуваат меѓународните договори кои се однесуваат на патентите за да им се овозможи на сите пристап до призводството и да се избегне можен комерцијален „краток спој“ за исто така и во иднина да се задржи одредената цена. Духот кој треба да се промовира во индустриското производство на вакцината би требало да биде дух на соработка меѓу државите, фармацевските компании и други организации за да се даде можност за нејзино производството на повеќе страни на светот. (…)
Треба да се избегне – стои во документот на Папската академија, некои земји вакцината да ја добијат со големо задоцнување заради помала расположивост затоа што богатите земји веќе ја купиле во големи количини. Важно е да не се дозволи да заостанат сиромашните земји; потребно е да се утврдат серија инструменти за постигнување на договорените цели во смисла на општа достапност. Затоа се упатува силен апел до националните власти и организациите на Европската унија и СЗО да се активираат во таа смисла. На тој начин ќе се конкретизираат зборовите на папата Фрањо сите да бидеме браќа и сестри – се истакнува во документот на Папската академија за живот.
Ватикан њуз/к.мк