Папа Фрањо ја прогласи Мајка Тереза за светица
Папа Фрањо за време на светата Литургија на плоштадот свети Петар, пред околу 120 илјади верници ја прогласи Мајка Тереза за светица. Истакна дека „нема алтренатива на активната љубов“ и дека за светицата од Калкута милосрдието било „сол“ кој давал вкус на нејзината работа и светло за сиромашните.
„Во чест на светата и неразделна Троица, за ширење на католичката вера и пораст на христијанскиот живот, со власт од Господ наш Исус Христос, светите апостоли Петар и Павле, после зрело размислување и често повикување на Божјата помош, со совет од многу наши браќа, ја прогласуваме и одредуваме дека блажена Тереза од Калкута е светица, ја впишуваме во пописот на светците, заповедаме во општата Црква да се чествува меѓу светците. Во името на Отецот и Синиот и Светиот Дух“. Со тие зборови папа Фрањо денес, 4 септември 2016 година, на плоштадот свети Петар ја канонизаираше Мајка Тереза.
Во проповедта на светата Литургија за новата светица истакна дека била „сол“ која давала вкус на нејзината работа и „светло“ кое светли во темниината за многумина кои веќе немале солзи за плачење од своето сиромаштво и страдање. Нагласи дека нејзината мисија останува „воочливо сведоштво на Божјата близина на најсиромашните меѓу сиромашните“.
Светиот Отец – како „прекрасна синтеза“ на она што Му е угодно на Бога – ги нагласи зборовите на пророкот Осија: „Милосрдието ми е мило, а не жртвата“. Во братот и сестрата на кои им помагаме, го препознаваме и Божјото лице кое никој не го гледа – рече Папата додавајќи: „Секој пат кога излегуваме пред потребите на браќата и сестрите, му даваме на Исус да јаде и пие, помагаме и го посетуваме Синот Божји“.
„Нема алтернатива за активната љубов: они кои се ставаат во служба на другите, дури и ако не знаат за тоа, се оние кои го љубат Бога“. Меѓутоа – истакна Папата – само пружењето рака во време на потреба не е доволно; тоа е прекрасен знак на човечката солидарност, но животот кој се состои само од тоа е „неплоден зашто му недостигаат корени“. Задачата која ни ја доверува Господ е, напротив, „повик на активна љубов во која секој Христов ученик го става целиот свој живот во негова служба, така што секој ден расте во љубовта“.
Мајка Тереза во сите аспекти од својот живот била „великодушна делителка на Божјото милосрдие“ и била на располагање на „сите по своето прифаќање и заштита на човечкито живот, неродените, напуштените и отфрлените“. Таа била „посветена за заштита на животот, постојано истакнувајќи дека „неродените се најслаби, најмали и најранливи“ – истакна Светиот Отец. Светицата од Калкута „се пригрижила за истрошените, кои биле оставени да умираат на улицата, гледајќи го во нив нивното достоинството кое Бог им го дал; таа го подигна својот глас пред моќните во овој свет, за да ја увидат својата вина за злосторството на сиромаштвото кое го создале“.
Папа Фрањо им ја препорача на волонтерите Мајка Тереза како пример за светост. „Нека оваа неуморна работничка на милосрдието ни помогне сите да сфатиме дека единствен критериум за делување е бесплатна љубов, слободна од сите идеологии и сите поврзаности, пружена на сите без разлика на јазикот, култутрата, расата или религијата. На Мајка Тереза ѝ се допаѓаше да каже: „Можеби не го говорам нивниот јазик, но можам да се насмевнам“ – напомена Папата на крајот од проповедта.
Пред молитвата Ангел Господов, при крајот на Литургијата, посебно ги поздрави присутните мисионерки и мисионери на љубовта. Нека вашата основателка секогаш биде над вашето одење и да ви измоли верност во Бог, Црквата и сиромашните – порача Папата. Вработените и волонтерите на милосрдието ги предаде на застапништво на новата светица и посака да ги „научи секој ден да размислуваат и да се поклонуваат пред распнатиот Исус и да му служат во оние во потреба“.
Спомнувајќи ја великодушната работа на луѓето кои служат во тешки услови, особено ја истакна шпанската сестра Изабел, која пред два дена беше убиена во главниот град на Хаити, земја за која посака да престанат „таквите акти на насилство“ и изрази надеж за „поголема сигурност за сите“.
РВ/к.мк