Папата Лав XIV служeше света Литургија во црквата Сант Анселмо на Авентинскиот рид во Рим по повод 125-годишнината од нејзиното посветување и ги охрабри бенедиктинците во нивната мисија.
Папата Лав XIV за време на светата Литургија во вторник, 11 ноември, по повод 125-годишнината од осветувањето на црквата Сант Анселмо на Авентинскиот рид во Рим ги повика бенедиктинците да одговорат на предизвиците со кои се соочува нашето време ставајќи го Христос во центарот на своите животи.
„Ненадејните промени на кои сме сведоци нè провоцираат и нè доведуваат до прашања, покренувајќи прашања што никогаш порано не се видени“, рече тој.
„Оваа прослава“, продолжи Папата, „нè потсетува дека, како апостол Петар, а заедно со него и Бенедикт и многу други, и ние можеме да одговориме на барањата на нашиот повик само ставајќи го Христос во центарот на нашето постоење и нашата мисија, почнувајќи од тој чин на вера што нè тера да го препознаеме како Спасител и да го преведеме во молитва, проучување и посветеност на свет живот“.
Црквата Сант Анселмо се наоѓа во комплекс под управа на Бенедиктинската конфедерација, меѓународно управно тело на Редот на Свети Бенедикт. Всушност, на имотот живее и игуменот примат на Редот, моментално игуменот Јеремија Шредер, неговата курија и Понтификалниот атениум на Сант Анселмо и резиденцијален колегиум.
Манастирите донеле мир во темните периоди
Папата истакна дека неговиот претходник, папата Лав XIII, силно го охрабрил развојот на комплексот и на Бенедиктинската конфедерација, бидејќи „бил убеден“ дека Редот на Свети Бенедикт „може да биде од голема помош за доброто на целиот Божји народ во време полно со предизвици, како што е преминот од 19-ти во 20-ти век“.
Папата Лав нагласи дека монаштвото, уште од своето потекло, било „граница“ што ги поттикнало „храбрите мажи и жени да основаат центри за молитва, работа и милосрдие на најоддалечените и недостапните места“ и на тој начин ги преобразиле пустите области во плодни земјишта, од економска гледна точка, но посебно од духовна.
„Така, манастирот сè повеќе се карактеризира како место на раст, мир, гостопримство и единство, дури и во најтемните периоди од историјата“, продолжи тој.
Бидете училиште за служење на Господ
Тој го охрабри центарот да „се стреми да стане срце што чука“ во бенедиктинскиот свет, во центарот на црквата, според учењата на светецот што го основал Редот.
Папата, исто така, истакна дека посветеноста на живеењето свет живот во комплексот веќе се пројавува на различни начини „во Литургијата, пред сè, потоа во Lectio Divinа, во истражувањето, во пастирската грижа, со вклучување на монаси од целиот свет и со отвореност кон свештениците, верниците и лаиците од најразлични потекла и услови“. Тој го повика центарот и неговите институции да продолжат да растат како автентично „училиште за служење на Господ“.
Посочувајќи на првото читање од светата Литургија, земено од пророкот Езекиел, кое го опишува „сликата на реката што тече од Храмот“, Папата рече дека ова добро ја илустрира идејата за „срце кое ја пумпа крвта на животот во телото, така што секој член може да добие храна и сила во корист на другите“. Во второто читање, го нагласи споменувањето на „духовниот дом“, основан на цврстиот камен кој е Христос.
„Во вредните кошници на Сант Анселмо, ова биде нека местото каде што сè започнува и каде што сè се враќа за да најде верификација, потврда и подлабоко разбирање пред Бога“, поттикна папата Лав XIV.
Тој изрази надеж дека оваа институција може да ја испрати „пророчката порака“ до Црквата и светот, да бидеме избран народ, „за да можеме да ги објавуваме восхитувачките дела на Оној, Кој нè повика од темнината во Својата чудесна светлина“.
Носете го Исус на сите
Папата Лав, исто така, рече дека посветувањето е „свечен момент во историјата на една света градба кога таа е осветена како место на средба помеѓу просторот и времето, помеѓу конечното и бесконечното, помеѓу човекот и Бога“.
Тој ја повтори оваа идеја цитирајќи ја конституцијата од Вториот ватикански собор Sacrosanctum Concilium, кој објаснува како Црквата е „и човечка и божествена“ и „во неа човечкото е насочено и потчинето на божественото, видливото исто така на невидливото, делувањето на контемплацијата, а овој сегашен свет на оној град што допрва треба да дојде, кој го бараме“.
„Тоа е искуството на нашите животи и на животите на секој маж и жена на овој свет, кои го бараат тој конечен и фундаментален одговор што „ниту тело ниту крв“ не можат да го откријат, туку само Отецот кој е на небото; на крајот на краиштата, имаат потреба од Исус, „Христа, Синот на живиот Бог“, продолжи Папата.
Тој заврши со повик до присутните да го бараат Исус и да го донесат кај сите, „благодарни за даровите што ни ги даде, а пред сè за љубовта со која ни претходеше. Овој храм потоа сè повеќе ќе станува место на радост, каде што ќе ја доживуваме убавината на споделувањето со другите, она што сме го примиле бесплатно“.
Ватикан њуз/к.мк

