Папата ќе ја посети заедницата Номаделфија

Папата ќе ја посети заедницата Номаделфија

Со голема радост и благодарност е примена веста за посторалните посети на папата Фрањо на заедницата Номаделфија, која ја основа дон Зено Салтини, и меѓународното градче на Движењето на фоколарите, Лопијано, сместено недалеку од Фиренца, каде ќе појде на 10 мај.

За заедницата Номаделфија посетата на Папата е повик и поттик предлогот за евангелски братски живот да се понесе во светот кој сѐ повеќе се движи кон индивидуализмот и виртуелните односи. Благодарни сме му на папата Фрањо за таа посета затоа што за нашата мала реалност, тоа е дар, историски настан – истакна во разговор за Радио ВФранческо Матерацо, претседател на заедницата Номаделфија. Тој сака – додаде – ние како мал дел од Црквата, да го дадеме својот придонес, така што ќе бидеме сведоци во светот кој бара нови патишта за живеење на Евангелието.

Реалноста и духот на заедницата Номаделфија

Номаделфија е реалност на семејства кои живеат заедно, а нејзиниот дух е настојување да се живее заедно во денешниот свет по примерот на првите христијани – објасни Матерацо. Настојуваме со семејствата да го живееме братството, ставајќи ги заедно своите добра и учествувајќи во животот. Станува збор за заедничко споделување на секојдневниот живот – рече и истакна: Тоа братско споделување овозможува создавање на средина во која се настојува да се живее Евангелието во секојдневието, во секојдневниот живот.

Тие главно се семејства кои го прифатиле посланието кое се раѓа од светата Тајна Брак, а тоа е воспитувањето на децата, и со тоа и нивното згрижување во семејствата. Така во Номаделфија може да се најде семејство. А потоа работата, воспитувањето и рекреацијата, аспекти кои настојуваме да ги живее според Евангелието. Станува збор за мал народ кој заеднички настојува да живее и да гради евангелско општество – рече Матерацо и објасни дека заедницата е организирана во групи од четири или пет семејства кои го споделуваат секојдневниот живот. Секоја група има заеднички дом. Околу тој простор пак се наоѓаат мали куќи во кои живее по едно семејство.

На новинарска забелешка дека заедницата Номаделфија е поврзана со светот, не e како некој остров оделен од сè што ја опкружува, претседателот на заедницата истакна дека таа никако не сака да биде како остров. Сака да биде мал пример дека на Евангелието може да се градат нови, братски односи. А тие пак можат да создадат свет кој повеќе е по мерка на човекот. Човекот има единствен повик: да биде човек на блаженствата. Меѓутоа, тие ни изгледаат толку далечни – рече Франческо Матерацо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот