Папата ќе служи света Литургија на празникот на Пресвета Богородица од Гвадалупе

На 12 декември во 18.00 часот, на празникот на Пресвета Богородица од Гвадалупе, папата Фрањо во базиликата Свети Петар ќе ја предводи светата Миса во чест на заштитничката на Латинска Америка. На Литургијата ќе претходи свечен влез во базиликата со знамиња од сите земји од тој континент, по што ќе следува пред иконата на нивната заштитничка, молитвата “Гвадалупската Бројаница”, како и адвентска молитва придружувана со песни од латиноамериканската традиција. Литургијата ќе биде пренесувана во повеќе земји од латиноамериканскиот континент.

На светата Миса ќе се пее позната „Misa Criolla“, од познатиот аргентиснки композитор Ариел Рамирез, а ќе диригира неговиот син Факундо Рамирез. Интересно е што пред точно 50 години Ариел Рамирез ја претстави пред блажениот папа Павле VI, својата нова композиција.

Утредента после евхаристиското славење во салата на Институтот за патристика Августинијанум, ќе се одржи „гвадалупски настан“, кој е организиран од Папската комисија за латинска америка, со цел темелно размислување за објавувањата и значењето на пораките на нашата Богородица од Гвалдалупе во формирањето на американските народи и во однос на предизвиците на денешниот свет.

РВ/А.С.

Категорија: Ватикан

За авторот